Кашмирски јазик
Кашмирскиот (कॉशुर, کٲشُر, Koshur) е индоевропски јазик, дел од групата на дардски јазици од поголемата група на индоирански јазици.[3] Јазикот воглавно се зборува во Кашмирската долина во Џаму и Кашмир.[4][5][6] Јазикот го зборуваат околу 6,797,587 луѓе во Индија, според пописот од 2011.[7] Во Пакистан јазикот го зборуваат околу 350,000 луѓе, од кои повеќето се емигранти од Индија за време на поделбата на Индија.[1][8]
Кашмирски јазик | |
---|---|
कॉशुर كٲشُر kạ̄šur | |
Изговор | [kəːʃur] |
Застапен во | Џаму и Кашмир (Индија)[1] Азад Кашмир (Пакистан)[1] |
Подрачје | Кашмир |
Говорници | над 7.1 милиони (2011) |
Јазично семејство | индоевропско
|
Дијалекти | каштаварски (стандарден)
погулски
рамбански
|
Писмо | персиско писмо (современо),[2] деванагари (современо),[2] шарадско писмо (старо)[2] |
Статус | |
Службен во | Индија[1] |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ks |
ISO 639-2 | kas |
ISO 639-3 | kas |
| |
Кашмирскиот е еден од 22 јазика со службен стгатус во Индија,[9] од ноември 2008 година, кашмирскиот јазик е задолжителен во училиштата во Џаму и Кашмир.[10]
Писмо
уредиКашмирскиот има три правописни системи, односно се пишува на три писма: шерадско писмо, деванагари и персиско писмо. Латиницата исто така се користи понекогаш за запишување на јазикот, особено на интернет.[2]
Кашмирскиот традиционлно се пишувал на шерадско писмо од 8 век.[11] Денес ова писмо не се користи, освен за религиски цели.[12]
Денес јазикот се пишува на деванагари и персиско писмо.[13] Персиското писмо било во употреба од муслиманскот освојување на Индија и се користело од народот со векови.[14] Сепак, денес ова писмо се поврзува со муслиманските Кашмирци, а деванагари се користи од кашмирските Хиндуси.[14][15]
Фонологија
уредиСамогласките во кашмирскиот се:[16]
предни централни задни високи i iː ɨ ɨː u uː средни e eː ə əː o oː ниски a aː ɒ
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Kashmiri: A language of India“. Ethnologue. Посетено на 2007-06-02.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Sociolinguistics. Mouton de Gruyter. Посетено на 2009-08-30.
- ↑ „Kashmiri language“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2007-06-02.
- ↑ „Koshur: An Introduction to Spoken Kashmiri“. Kashmir News Network: Language Section (koshur.org). Посетено на 2007-06-02.
- ↑ „Kashmiri Literature“. Kashmir Sabha, Kolkata. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2007-06-02.
- ↑ S. S. Toshkhani. „Kashmiri Language: Roots, Evolution and Affinity“. Kashmiri Overseas Association, Inc. (KOA). Посетено на 2007-06-02.
- ↑ Abstract of speakers’ strength of languages and mother tongues – 2001, Census of India (retrieved 17 March 2008)
- ↑ „The Kashmir Dispute – a cause or a symptom?“. Stockholm University. Архивирано од изворникот на 2003-07-04. Посетено на 2009-07-07.
- ↑ „Scheduled Languages of India“. Central Institute of Indian Languages. Архивирано од изворникот на 2007-05-24. Посетено на 2007-06-02.
- ↑ „Kashmiri made compulsory subject in schools“. API News. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2007-06-02.
- ↑ „Sarada“. Lawrence. Посетено на 2007-06-02.
- ↑ „The Sharada Script: Origin and Development“. Kashmiri Overseas Association. Посетено на 2009-07-07.
- ↑ „Kashmiri (कॉशुर / كٲشُر)“. Omniglot. Посетено на 2009-07-07.
- ↑ 14,0 14,1 „Valley divide impacts Kashmiri, Pandit youth switch to Devnagari“. Indian Express. Посетено на 2009-07-07.
- ↑ „Devnagari Script for Kashmiri: A Study in its Necessity, Feasibility and Practicality“. Kashmiri Overseas Association. Посетено на 2009-07-07.
- ↑ Koul, Omkar. „Kashmiri: A grammatical sketch“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-26. Посетено на 27 May 2011.
Надворешни врски
уреди- Кашмирска енциклопедија
- Речник на кашмирскиот јазик
- Лексични позајменки во кашмирскиот Архивирано на 1 август 2015 г.
- Граматички преглед на кашмирскиот Архивирано на 26 јули 2011 г.
- Вовед во кашмирскиот
- Кашмирски речник Архивирано на 28 ноември 2016 г.