Кафена лажичка
Кафена лажичка или лажиче — трпезариски прибор што се користи за мешање на шеќер или кој било друг засладувачки производ во облик на прав или течност, како што е мед, или замена за шеќер, која може да се појави во прав или течност, во мал сад исполнет со генерално топол пијалак како кафе, чај, чоколадо, млеко, варено вино, вода или јогурт, со цел да се олесни неговото растворање или да се забрза ладењето. Многу е слично по облик и големина со лажичката за десерт, па често ја заменува.
Во земји кои многу консумираат чај, како што се Австралија, Канада, Нов Зеланд и Обединетото Кралство, овој прибор се нарекува „чајна лажичка“ (англиски: 'teaspoon').
Мерна единица
уредиКафената лажичка како мерка обично се користи во готвењето и медицината.
Во рецептите за готвење ја означува содржината на овој прибор во дозата на различни состојки; во сите земји кои го имаат усвоено метричкиот систем, нејзината содржина е 5 ml течност.[1]
По договор, во една лажица има три кафени лажички. Кога се работи со состојки во прав, неопходно е да се разликуваат рамна лажичка и лажичка со куп; повторно по договор, втората содржи двојно повеќе од на првата.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Кујнски мерки - појаснување на мерни единици“. Сè за храна. 8.12.2015. Посетено на 9 април 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)