Кафеави алги

(Пренасочено од Кафеава алга)
Кафеави алги
Период: [1]
Џиновски келп (Macrocystis pyrifera)
Научна класификација
Домен: Еукариоти
Царство: Хромалвеолати
Оддел: Хетероконти
Класа: Кафеави алги
Kjellman, 1891[2]
Синоними

Fucophyceae
Melanophyceae
Phaeophyta

Кафеавите алги (науч. Phaeophyta) се многуклеточни еукариотски протисти кои живеат седентарен начин на живот во морињата. Имаат сложена градба, со добро издиференциран талус. Секоја клетка е еднојадрена, со целулозно-пектински клеточен ѕид. Во цитоплазмата се присутни хлоропласти кои содржат повеќе пигменти: хлорофил, фукоксантин и фикоеритрин. Телото на кафеавите алги е изградено од голем број клетки, издолжено во форма на лента или конец, или пак, разгрането. Посложените видови на кафеави алги имаат и посебни типови на ткива. Талусот им е издиференциран на листовиден дел - филоид, чијашто основна функција е фотосинтезата, стебловиден дел - каулоид и дел со кој алгата се прикрепува за подлогата - ризоид. Овие алги се размножуваат бесполово со зооспори и полово. Видовите од родот фукус (Fucus) се размножуваат само полово со изогамија.

Значење на кафеавите алги

уреди

Значењето на кафеавите алги во природата е големо. Со нив се исхрануваат многу морски животни, а нивните густи заедници - подводни ливади, служат како места за мрестење на бројни видови на риби. Во арктичките предели, каде што постои недостаток од зелена храна, кафеавите алги се користат од страна на човекот, како храна богата со витамини. Од нив може да се добие и јод, а бидејќи содржат и доста калиум, служат и како калиумово ѓубре.

Наводи

уреди
  1. Lim, B.-L.; Kawai, H.; Hori, H.; Osawa, S. (1986). „Molecular evolution of 5S ribosomal RNA from red and brown algae“. Japanese Journal of Genetics. 61 (2): 169–176. doi:10.1266/jjg.61.169.
  2. Kjellman, F. R. (1891). „Phaeophyceae (Fucoideae)“. Во Engler, A.; Prantl, K. (уред.). Die natürlichen Pflanzenfamilien. 1. Leipzig: Wilhelm Engelmann. стр. 176–192.