Катуништа (Белчишта)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Катуништа“
| |
Местоположба | 41°18′10″N 20°49′49″E / 41.30278° СГШ; 20.83028° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Белчишта |
Општина | Дебрца |
Тип | |
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Катуништа или Косарска Нива — археолошко наоѓалиште во селото Белчишта во областа Дебрца. Претставува средновековна населба со црква и некропола. На околу 2 км североисточно од селото, кон планината Сини Вирој, при обработувањето на земјиштето биле откривани остатоци од градби ѕидани од камен и кал, огништа, железни предмети - орудија и друго. Во нивата на еден селанец се откриени остатоци од мала еднокорабна црква со полукружна апсида градена од камен, бигор, тули и варов малтер. Во внатрешноста на градбата се најдени и гробови градени од камени плочи без гробни прилози.[1]
Поврзано
уреди- Св. Атанасија — средновековна црква;
- Св. Василиј — црква од развиеното средновековие;
- Св. Јован (Кај Смрекана — средновековна црква и некропола;
- Белчишта;
- Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 238, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |