Св. Василиј (Белчишта)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Св. Василиј

Карта

Местоположба 41°18′10″N 20°49′49″E / 41.30278° СГШ; 20.83028° ИГД / 41.30278; 20.83028
Основни податоци
Место Белчишта
Општина Дебрца
Тип

 црква


Период среден век
Портал „Археологија“

Свети Василијцрква од развиеното средновековие кај селото Белчишта во општина Дебрца. Се наоѓа на околу 1 км источно од селото, северно од патот Белчишта-Средорече и во непосредната близина (200-300 м) на наоѓалиштата Св. Атанасија и Св. Јован. На просторот обраснат со бујна вегетација се забележуваат урнатини и остатоци од мала црковна градба со крстообразна основа. Меѓу вообичаениот градежен материјал доминира бигорот. Ова наоѓалиште, заедно со споменатите два, е најверојатно интегрален дел од топонимот „Селиште“, можеби поголема средновековна рурална населба од која по површината, сега засадена со житни и други земјоделски култури, не се забележуваат никакви археолошки показатели.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 239. ISBN 9989649286.