Католицизмот во Белорусија
Католичката црква во Белорусија — дел од светската Римокатоличката црква, под духовно водство на папата во Рим. Првата епархија според римскиот обред во Белорусија била основана во Туров помеѓу 1008 и 1013 година. Католицизмот беше традиционално доминантна религија меѓу белоруското благородништво (шљахта) и меѓу голем дел од популацијата на Западна Белорусија.
Опис
уредиОд 2016 година, 1,632,605 католици живеат во земјата и претставуваат околу 17% од вкупното население.[1] Повеќето од нив припаѓаат на епархии според римскиот обред. Мало малцинство припаѓаат на епархии според византискиот обред, формирајќи ја посебната Белоруска грчка католичка црква, која е во сојуз со Светиот престол и го следи византискиот словенски ритуал.
Полските и литванските малцинства во Белорусија се главно католици според римскиот обред, но повеќе од 1 милион католици според римскиот обред се етнички Белоруси (над 15% од вкупниот број етнички Белоруси). гркокатолиците се претежно етнички Белоруси и мал број на Украинци.
Хиерархија
уредиЕдна митрополитна архиепископија:
- Минск-Могиљов - 610,490 католици
Три суфрагански епархии:
Митрополитниот архиепископ Тадеуш Кондрусјевич е водач на Католичката црква според римскиот обред во Белорусија.
Историја
уредиПрвата епархија според римскиот обред во Белорусија била основана во Туров помеѓу 1008 и 1013 година.
Католицизмот беше традиционално доминантна религија на белоруското благородништвото (шљахта) и на голем дел од популацијата на Западна Белорусија.
Во минатото постоеше и една архиепископија во Полоцк. Свети Јосафат Кунцевич беше архиепископ од 1618 до 1623 година како наследник на друг архиепископ.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Official site of the Roman Catholic Church in Belarus. Statistical data 2009-03-01“. Архивирано од изворникот на 2017-03-15. Посетено на 2018-05-26.
Надворешни врски
уреди- Римокатоличка црква во Белорусија - официјално мрежно место и централнел белоруски католички портал
- Апостолска нунцијатура во Белорусија
- Partał Maładych Katalikoŭ Архивирано на 14 септември 2006 г. - Млади Католици на Белорусија