Катарина Ивановска

(Пренасочено од Катерина Ивановска)

Катарина Ивановска (родена на 18 август 1988 во Скопје) — македонска манекенка и глумица.

Катарина Ивановска
Родена 18 август 1988(1988-08-18)(36 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Занимање манекенка и глумица

Животопис

уреди

Својата кариера како манекенка ја започнала во 2004 година на Миланската модна недела по освојувањето на Look Models International кастингот за модели во Македонија[1][2]. Во декември 2004 се појавила во едиторијал за списанието „Elle“, а исто така се има појавено и во „Citizen K“, „Stiletto“ и италијанското и руското издание на Vogue.[1][2] Се има појавено на насловните страни на списанијата „Diva“ и „Máxima“, и во реклами за D&G во 2006. Во 2010, Ивановска се појавила во српско списание „Elle“. Во 2011 потпишала договор за рекламирање на производите на Викторија Сикрет.[3]

Соработувала со агенции како International Scouting Office Belgrade, Women Mgmt Paris, Women Mgmt New York City, Women Mgmt Milan и Select Model Mgmt London. Во Македонија, таа е сметана како еден од најуспешните модели.[4].

Во 2012 година, Ивановска дебитирала како глумица во филмот Трето полувреме.[5]

Со партнерот Слободан (Цобе) ги има синот Вања и ќерката Кира.[6]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Katarina Ivanovska Архивирано на 29 јули 2018 г.. New York Fashion.
  2. 2,0 2,1 Model Mania. Hint Fashion Magazine. October, 2004.
  3. „Катарина Ивановска стана модел на „Victoria's Secret " | press24.mk“. web.archive.org. 2011-10-02. Архивирано од изворникот на 2011-10-02. Посетено на 2020-09-30.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. Dnevnik newspaper Архивирано на 28 септември 2011 г. "Најуспешниот топ-модел Катарина Ивановска"
  5. Ivanovska, Katarina; Kocev, Sasko; Sammel, Richard; Serbedzija, Rade (2012-09-27), Treto poluvreme, Kino Oko, fx3x, I/O post, Посетено на 2020-09-30
  6. „Интервју со Катарина Ивановска: Не делувам наивно за некој да си дозволи да ми понуди непристоен предлог“. Слободен печат. 2020-06-18. Посетено на 2020-09-30.

Надворешни врски

уреди