Катастарска парцела 3730 (Струмица)
„Катастарска парцела 3.730“
| |
Местоположба | 41°26′09.1″N 22°38′14.7″E / 41.435861° СГШ; 22.637417° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Струмица |
Општина | Струмица |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Катастарска парцела 3.730 — археолошко наоѓалиште во Струмица, Општина Струмица.
Претставува некропола од доцноантичко време. Во централното градско јадро, во парцелата сопственост на Трајко Атанасов, што се наоѓа на аголот од улиците „Боро Џони“ и „Херој Карпош“, со машинското копање за темели на станбен објект биле откриени и делумно уништени неколку гробни конструкции. Во 1989 година Заводот и музеј во Струмица извршил заштитно ископување со што е откриен дел од некропола, а во југозападниот крај на просторот нејасни остатоци од архитектонски објект.
Биле отворени повеќе гробови, вкопани во длабочина од 1,25 до 1,95 м, со конструкции од тегули и имбрекси (тип „на две води“), во основата опкружени со венец од нафрлени камења и сите со инхумирани покојници. Со оглед на близината до старата пошта, каде што при нејзината изградба е откриена некропола со исти конструкции на гробови (Градско паркче), веројатно и гробовите од оваа парцела се дел од истата доцноантичка некропола[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |