Каср Амра
Касер Амра (арапски:قصر عمرة), познат како “Пустинска тврдина“ се наоѓа во источниот дел на Јордан. Замокот бил изграден во почетокот на 8 век (најверојатно од 711 до 715 година) од страна на умајадскиот калиф Валид I, чие господарство во овој регион во тоа време нараснувало. Замокот е една од најважните примери за раната исламска архитектура и исламска уметност. Замокот бил користен како резиденција на разни калифи. Во внатрешноста е обликувана со фрески, кои опишуваат ловни сцени, плодови и голи жени. Замокот содржи и бања од римско време.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | култура: i, iii, iv |
Навод | 327 |
Запис | 1985 (9th заседание) |
Замокот во 1898 година бил откриен од страна на Алојс Мусил. Во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО бил вклучен во 1985 година.