Жан Батист Карпо

француски вајар
(Пренасочено од Карпо)

Жан-Батист Карпо (француски: Jean-Baptiste Carpeaux; 11 мај 182712 октомври 1875)) — истакнат француски вајар и сликар, застапник на правецот академизам.

Jean-Baptiste Carpeaux
Илустрација на Карпо со скулптурата „Флора“ под него и други скулптури над него.

Родсен е во Валансјен. Првите студии му биле под мајсторот Франсоа Руд. Карпо ја освоил наградата на Рим во 1854. и се преселил во Рим во потрага по инспирација кајшто ги проучувал делата на Микеланџело, Донатело и Верокјо. Останал во Рим од 1854 до 1861 и се стекнал со чувство за движење и спонтаност кои ги придружил во делата кон принципите на барокот.

Во 1861 направил биста на принцезата Матилда Бонапарт, и ова подоцна му донело неколку нарачки од Наполеон III. Работел на декорација на павилјонот Флора и на Операта Гарние.

Неговата склуптура „Танц“ сместена на десната страна на фасадата од Операта била критикувана како непристојна.

Карпо барал предмети од животот и на улиците и расчистил со класичната традиција.

Починал во 1875 г. во Париз.

Познати скулптури

уреди

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди