Карпест дрозд
Карпест дрозд | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Муварчиња |
Род: | Карпест дрозд |
Вид: | Карпест дрозд |
Научен назив | |
Monticola saxatilis (Linnaeus, 1766) |
Карпест дрозд или дрозд камењар (науч. Monticola saxatilis) — птица која припаѓа на семејството муварчиња (Muscicapidae), порано сместена во дроздовите (Turdidae).
Распространетост
уредиСе размножува низ јужна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, преку Средна Азија, до северна Кина. Таа е исклучиво птица преселница која зимува јужно од Сахара.
Редок посетител е на северна Европа. Нејзиниот опсег се симнал надолу, кон југ, најверојатно заради уништувањето на животната средина. На пример, во почетокот на 20 век, таа се размножувала во Полска, каде денес ја нема,[2] но, нејзината популација не е загрозена на глобално ниво.[1]
Опис
уредиКарпестиот дрозд е средно голема птица, но крупен дрозд, кој е долг 17-20 см. Летно време мажјакот е непогрешлив. Тогаш има синосива глава, портокалов е одоздола и на надворешниот дел од опашката, иам темнокафеави крилја и бел грб.
Женките и младенчињата не се толку впечатливи. Тие одоздора се крлушесто темнокафеави, а одоздола светлокафеави. Надворешниот дел од опашката е црвенкав, како кај мажјаците.[3]
Поведение
уредиОваа птица се размножува во отворени, суви планински предели, обично под 1500 метри надморска височина, а во појужните краишта и до 3000 метри. Таа е сештојад и се храни со широк спектар инсекти, бобинки и мали влекачи.
Песната на карпестиот дрозд е јасна и милозвучна.[3] На местата на гнездење, може да се слушне пеењето на мажјакот како звук на флејта, дури и во лет.
Гнездото го градат во пукнатините на карпите, во пештери или на испакнатите делови од гребените, на височина и до 7 метри. Некои парови гнездата ги прават на земја. Несат 4-6 јајца кои ги лежи женката во период од 14 до 16 дена. По околу 14 дена младенчињата го напуштаат гнездото, но родителите ги хранат уште две недели. Потоа, тие се растураат и живеат сами до следната сезона на парење.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 BirdLife International (2012). „Monticola saxatilis“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ Tomek, Teresa & Bocheński, Zygmunt (2005): Weichselian and Holocene bird remains from Komarowa Cave, Central Poland. Acta zoologica cracoviensia 48A(1-2): 43-65. PDF fulltext
- ↑ 3,0 3,1 Clement, Peter & Hathaway, Ren (2000): Thrushes. Christopher Helm, London. ISBN 0-7136-3940-7
Надворешни врски
уреди- Oiseaux Photos, map, text.(француски)
- Пол и возраст (PDF; 1.2 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze[мртва врска]
- Handbook of the Birds of the World[мртва врска]
- BirdGuides Архивирано на 30 октомври 2007 г.
- Macaulay Library at Cornell Lab or Ornithology
- Mangoverde; direct link here Архивирано на 11 септември 2015 г.