Каролинзи — владејачка династија на Франската држава и на државите коишто настанале по Верденскиот договор од 843 година, од 687 до 947 година.

Монета со ликот на Карло Велики со текст KAROLVS IMP AVG (Karolus imperator augustus)

Угледот на семејството м у го донел Пипин Кусиот. Династијата своето име го добила по својот најзначаен и најпознат претставник Карло Велики[1],[2] ·[3]. (владеел во периодот 768-814), кој во 800 година во Рим бил крунисан за цар на Римското Царство. По пребивањата со Византија и мирот во Ахен (812), византискиот цар Михаил I Рангабе го признал Карло Велики за цар.

Внуците на Карло Велики ја поделиле Франкската држава со Верденскиот договор во 843 година. По распаѓањето на Франкската држава, на нејзината територија се создале Италија, Франција и Германија. Каролиншката династија во Италија се задржала до 875 година, во Германија до 911, а во Франција до 987 година.

Наводи

уреди
  1. Édmond Robinet La France (1845), p.50
  2. Paul-Otto Bessire, Histoire du peuple suisse par le texte et par l'image, Moutier, 1940,  37
  3. Roland Mousnier, Les maisons royales et souveraines d'Europe, Brepols, 1989, p.65