Кара Мурат-паша или Кара Дев Мурат-паша, буквално храбриот џин Мурат-паша(1595 - 1655) — отомански албански државник и воен офицер. Тој служел како капудан-паша и двапати како голем везир. Неговиот епитет Кара („црн“) се однесува на неговата храброст и Дев („џин“) на неговата физичка големина.

Кара Дев
Мурат
Паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
11 мај 1655 – 19 август 1655
Монарх Мехмед IV
Претходник Ибшир Мустафа-паша
Наследник Ермени Сулејман-паша
На должноста
21 мај 1649 – 5 август 1650
Монарх Мехмед IV
Претходник Софу Мехмед-паша
Наследник Мелек Ахмед-паша
Отомански управители на Дамаск
На должноста
1655–1655
Претходник Дефтерзаде Мехмед-паша
Наследник Хасеки Мехмед-паша
Лични податоци
Роден(а) 1595
Починал(а) 1655
Хама, отоманска Сирија
Националност Отоманец
Вероисповед Сунит Ислам
Воена служба
Припадност  Османлиско Царство
Род  Османлиска морнарица
 Османлиска војска
Чин Капудан-паша (голем адмирал; 1653–55)
јаничарски ага (1648–49)
Битки/војни Критска војна (1645–1669)

Почетоци

уреди

Мурат бил од албанско потекло. Тој се истакнал уште од самиот почеток на Критската војна меѓу Отоманското Царство и Венецијанската Република. Тој имал најразлични родови во јаничарските воени сили (професионални одреди кој биле јадрото на отоманската армија), и во 1648 година, кога на престолот бил поставен Мехмед IV, тој бил назначен за командант на јаничарските одреди (турски: Yeniçeri ağası).[1] Кога отоманската морнарица била поразена од Венеција при Фокијската битка на 12 мај 1649 година, за поразот бил обвинет големиот везир Софу Мехмед-паша, и на 21 мај тој бил заменет со Кара Мурат-паша. Мурат наредил Софу Мехмед-паша да се изгони а подоцна и го погубил.

Првпат како голем везир

уреди

Во периодот кога Мурат бил назначен за голем везир, султанот имал само седум години и двете Валиде султани (неговата мајка Турхан Хатиџе и баба Косем), кои владеле во негово име биле во меѓусебна борба за превласт. Косем го поддржувала Мурат, но Турхан Хатиџе била против него. Дополнително, водачите на јаничарите, совојниците на Мурат, исто така не го поддржувале. Чувствувајќи дека неговиот живот е во опасност, Мурат се повлекол на 5 август 1650.[2] По негов совет, тој бил наследен од Мелек Ахмед-паша.

По неговото повлекување, Мурат бил назначен за управник на Будимскиот Пашалук (современа Будимпешта, Унгарија). Во 1653 година, се вратил во Истанбул и бил назначен за капудан- паша (голем адмирал) и бил задолжен за преносот на засилувања и муниција до Крит преку море. Венецијанската морнарица ги блокирала Дарданелите во тој период, но Мурат успеал да ги порази венецијанците и ја пробил блокадата Прва Дарданелска битка.[1]

Вторпат како голем везир и смрт

уреди

Мурат повторно бил назначен за голем везир на 11 мај 1655 година. Неговото второ назначување траело кус период; поради големите економски проблеми и противењето на јаничарите, тој повторно се повлекол на 19 август 1655 година. Тој по ова бил назначен за управител на Дамаск во Сирија, но на пат кон градот, тој се разболел и починал. Во период на петте години меѓу неговите две назначувања како голем везир, имало дури шест различни паши, што укажува на фактот дека Отоманцкото царство во тој период било политички нестабилно.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ayhan Buz:Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, istanbul, 2009, ISBN 978-975-254-278-5 pp105-106
  2. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt III, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 103-104
Политички функции
Претходник
Софу Мехмед-паша
Голем везир
21 мај 1649 – 5 август 1650
Наследник
Мелек Ахмед-паша
Претходник
Ибшир Мустафа-паша
Голем везир
11 мај 1655 – 19 август 1655
Наследник
Ермени Сулејман-паша
Претходник
Дефтерзаде Мехмед-паша
Отомански управител на Дамаск
1655
Наследник
Хасеки Мехмед-паша
Воени функции
Претходник
Коџа Дервиш Мехмед-паша
Капудан-паша
1653 – 11 мај 1655
Наследник
Делак Мустафа-паша