Камник под Крим
Камник под Крим (словенечки: Kamnik pod Krimom; германски: Stein[2]) ― село во Општина Брезовица и се наоѓа во средна Словенија. Лежи на работ на мочуриштата јужно од главниот град Љубљана. Општината е дел од традиционалниот регион Нотрањска и сега е вклучена во Среднословенечкиот статистички регион.[3]
Камник под Крим | |
---|---|
Држава | Словенија |
Традиционален регион | Нотрењска |
Статистички регион | Средна Словенија |
Општина | Брезовица |
Површина | |
• Вкупна | 8,37 км2 (323 ми2) |
Надм. вис. | 339,1 м |
Население (2020) | |
• Вкупно | 974 |
• Густина | 1,2/км2 (3,0/ми2) |
[1] |
Име
уредиКамник бил потврден во 1143 година како Штајн (германски: Stein; напишан и како Stain во 1147 година и Steine во 1205 година). Словенечкото име првично било *Кам(ен)ьникъ, изведено од придавскиот облик на именката *ками (акузатив *камень ) значејќи камен, што се однесува на карпестиот терен.[4] Името на населбата било променето од Камник во Камник под Крим(ом) (буквално: „Камник под (планината) Крим“) во 1953 година.[5]
Црква
уредиМесната црква, била изградена во средиштето на селото, е посветена на Свети Флоријан и припаѓа на парохијата Пресерје. За прв пат се споменува во пишани документи кои датираат од 1526 година, а е преозначена во 18 век.[6]
Наводи
уреди- ↑ „Statistical Office of the Republic of Slovenia“. Архивирано од изворникот на 2008-11-18. Посетено на 2022-10-18.
- ↑ Leksikon občin kraljestev in dežel zastopanih v državnem zboru, vol. 6: Kranjsko. 1906. Vienna: C. Kr. Dvorna in Državna Tiskarna, стр. 118.
- ↑ Brezovica municipal site
- ↑ Snoj, Marko (2009). Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Љубљана: Modrijan. стр. 183.
- ↑ Spremembe naselij 1948–95. 1996. Database. Ljubljana: Geografski inštitut ZRC SAZU, DZS.
- ↑ Slovenian Ministry of Culture register of national heritage reference number ešd 2180
Надворешни врски
уреди- Камник под Крим на Ризницата ?
- Kamnik pod Krimom on Geopedia