Кале (Крушево)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Кале

Карта

Местоположба 41°22′8″N 21°14′55″E / 41.36889° СГШ; 21.24861° ИГД / 41.36889; 21.24861
Основни податоци
Место Крушево
Општина Крушево
Тип

 кастел


Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште во Крушево. Претставува доцноантички и средновековен руднички кастел. Претставува висок планински рид (1.047 метри надморска височина) оддалечен 1,8 км источно од градот. Околу него, под северното, источното и јужното подножје завива современиот автопат Прилеп-Крушево. Врвот на ридот е издолжен во насока исток-запад, со делумно отстапување кон северозапад-југоисток. Со тесно планинско седло е поврзан со планинскиот масив кон запад. На врвот има голема зарамнета површина што денес се користи како лозја и ливада. Во минатото врвот бил укрепен со цврст одбранбен ѕид во малтерна техника. Формата на укрепениот простор е неправилно издолжена и диктирана од конфигурацијата на релјефот. Укрепената површина изнесува 0,7 ха. Северозападниот челен ѕид, свртен кон планинското седло, бил засилен со една моќна кула чии контури се особено маркантни. Нејзиниот план без ископувања не е познат. Веројатно имало уште најмалку две кули, и тоа на источниот крај на кастелот. Линијата на одбранбениот ѕид се следи мошне јасно, а особено е видлив на југоисточната страна и уште повеќе на северната страна каде што денес се издига над површината на земјата до околу 3–4 м. Тоа е цврстиот доцноантички малтерен опус инцертум. Во внатрешноста на тврдината се гледаат контури на старите објекти. Особено се забележува редица мали простории потпрени на северниот ѕид однатре.

Наоди

уреди

Многу метални предмети, пред сè помали и поголеми железни клинови, еден врв од стрелка, мала алка со кука, дел од пинцета од железо, многу парчиња железна згура. Нема наоди на монети ниту пак други наоди за попрецизно датирање во доцната антика и средниот век.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9