Доцна антика

(Пренасочено од Доцноантички)

Доцна антика ― груба периодизација за периодот од н.е. помеѓу 300 - 600 година, употребена од историчарите и научниците за да се опише интервалот помеѓу Класичната Антика и Средниот Век воглавно во Европа и средоземниот свет. Тоа е временскиот период помеѓу стагнацијата на Римската Империја од 3 век н.е и натаму, губењето на нејзиниот западен дел, опстојувањето на Римската Империја со седиште во Константинопол, и почетоците на арабјанското освојување. Поимот Spätantike, буквално „Доцна антика“, бил употребен од германските историчари од моментот кога ја популаризирал Алојз Ригл во раниот 19 век[3],[4].

Барберинска слонова коска, од Леонидска/Јустинијанова Римска Империја од еден императорски диптих, изработен во императорска работилница во Константинопол во првата половина на шестиот век (Музеј Лувр)[1][2]

Македонија

уреди

Во Македонија доцната антика го опфаќа периодот од 2 - 4 век. Во Музејот на Македонија постои доцноантичката збирка која брои вкупно 516 предмети (керамички и стаклени садови, керамички и бронзени светилки, накит, декоративна пластика). Во постојаната музејска поставка се изложени 184 предмети, карактеристични за втората значајна етапа на Римското Царство и кои претставуваат одраз на новата доцноримска култура.

Наводи

уреди
  1. Antony Cutler, "Barberiniana. Notes on the Making, Content, and Provenance of Louvre OA. 9063", Tesserae : Festschrift für Josef Engemann, Jahrbuch für Antike und Christentum, Ergänzungsband 18, 1993, p. 329-339
  2. Weitzmann, Kurt, ур., Age of spirituality : late antique and early Christian art, third to seventh century, no. 28, 1979, Метрополитен. Предлошка:Page1; full text available online from The Metropolitan Museum of Art Libraries
  3. „Late antiquity: the reconfiguration of the Roman world“. Архивирано од изворникот на 2021-02-05. Посетено на 2021-02-05.
  4. „Late Antiquity: Then and Now“. Архивирано од изворникот на 2020-11-28. Посетено на 2021-02-05.

Надворешни врски

уреди