Историја на Чад
Првите записи од човечкото живеење на територијата на денешен Чад датираат пред околу 10.000 години, кога овие делови од Сахара биле доста плодни за нормален живот на човекот. Главно поради тој факт, земјата денеска е исклучително богата преку своите археолошки објекти. Некои откриени наоѓалишта датираат од пред 4.000 години.[1] Освен археологијата, познато е и дека во овој регион во антиката била развиена и трговијата.
Дел од темата Чад |
Рана историја |
Портал:Чад |
Едни од првите народи кои успеале да создадат држава на овие простори биле племето Сао, за чија историја и култура во денешнината се знае многу малку. Ова племе најверојатно подоцна биле асимилирани од страна на Канемската империја,[2][3] една од земјите кои најдолго се задржиле на овие простори. По прифаќањето на исламот од страна на империјата, самата религија била проширена и на овие делови од денешен Чад.
Во 1900 година, Франција го создла Чад под нејзина контрола како протекторат. Како полноправна колонија земјата се нашла во 1920 година, како дел од Француската Еквадорска Африка.[4] Во текот на оваа владеење, земјата била во голема економска криза, населението главно се користело за трговија со робови, модернизацијата на инфраструктурата била на залудно ниво. Единствено кое Франција имала корист како суровина од земјата бил памукот.
Сепак, својата независност Чад ја добил на 11 август 1960 година. Првиот претседател на земјата станал Франсоа Томбалбае, избран од доста прогресивна партија. Тој ги забранил сите опозициски партии и станал најголемиот авторитет во земјата. Во 1965 година во земјата избувната граѓанска војна. По десет години, претседателот Франсоа бил симнат од власт и убиен, но конфликтите во земјата продолжиле. Во 1979 година, бунтовниците ја зазеле престолнината Нџамена. Во тоа време, Либија испратила воени сили кон земјата но претрпила пораз и кон 1987 година се повлекла. Новиот претседател Хисен Хабре, помогнат од Франција, успеал да ја создаде режим според кој голем број на народи биле убиени или затворени. Во негово време загинале околу 40.000 души а самиот диктатор го добил прекарот Африкански Пиноче. Во 1990 година тој бил симнат од власт со воен преврат од страна на Идрис Деби, Идрис Деби почина на 20 април 2021 година на фронтот против бунтовничката група од северен Чад.