Историски покраини во Финска

Историски покраини во Финска (фински: Suomen historialliset maakunnat, еднина historiallinen maakunta; шведски: historiska landskap i Finland, еднина historiskt landskap) — традиционални покраини во Финска кои денес немаат административна функција. Тие се наследство од заедничката историја на Финска со Шведска. По азбучен ред, деветте историски покраини се следниве: Исконска Финска, Карелија, Лапонија, Оланд, Остроботнија, Савонија, Сатакунта, Тавастија и Усима. Иако не постојат на официјално ниво, историските покраини сѐ уште се актуелни како традиционална поделба на земјата и се основа на денешната административна поделба на Финска.

Карта која ги прикажува подрачјата на историските покраини во Финска, вклучувајќи ги и нивните грбови; жолтите граници се границите на денешните региони во Финска.

Грбословие

уреди

Погребот на шведскиот крал Густав Васа во 1560 година е значаен настан за грбословието на историските покраини во Финска. Грбовите на сите покраини за прв пат се прикажани заедно на погребот. Неколку од нив се доделени во пресрет на тој настан.

Грбовите на историските покраини се користени како основа за грбовите на современите административни единици во Финска.

Следува список на грбовите на историските покраини според финскиот хералдичар Ахти Хаммар, кој хералдички ги опишува во 1960-тите.

Грб Историска покраина
  Исконска Финска
  Карелија
  Лапонија
  Оланд
  Остроботнија
  Савонија
  Сатакунта
  Тавастија
  Усима

Литература

уреди
  • Vilkuna, Kustaa (1949). „Maakunnat kulttuurialueina“. Kotiseutu (фински). Helsinki: Suomen Kotiseutuliitto (4–5): 69–76.
  • Jutikkala, Eino (1949). „Suomen maakunnat“. Kotiseutu (фински). Helsinki: Suomen Kotiseutuliitto (6–8): 143–149.
  • Pirinen, Kauko (1950). „Uusien maakuntien vaakunakysymys“. Kotiseutu (фински). Helsinki: Suomen Kotiseutuliitto (7–8): 177–180.
  • Paasi, Anssi (1986). „Neljä maakuntaa. Maantieteellinen tutkimus aluetietoisuuden kehittymisestä“. Joensuun yliopiston yhteiskuntatieteellisiä julkaisuja 8 (фински). Joensuu: Joensuun yliopisto.

Надворешни врски

уреди