Ирена Јовева (родена 26 февруари 1989 година) е словенечка политичарка и поранешна известувачка за вести. Таа била избрана за пратеник во Европскиот парламент и е дел од словенечката политичка партија Движење за слобода, поврзана со политичката група „Обнови Европа“ на европското ниво. Таа претходно работела во домашниот политички уреднички тим на Словенечката агенција за печат (СТА) и како новинарка во информативната програма 24УР на ПОП ТВ.


MEP
Официјален портрет, 2024
Пратеник во Парламентот на Европа
за {{{constituency_пратеник}}}
На должноста
Стапил
2 Јули 2019
Лични податоци
Роден(а) 26 февруари 1989(1989-02-26)(35 г.)
Крањ, СР Словенија, Југославија
Државјанство Словенија
Партија GS (2022–present)
Други припадности LMS (until 2022)
Деца 1
Установа Факултет на Општествени Науки, Љубљана
Занимање НовинаркаПолитичарка

Ран живот и образование

уреди

Таа пораснала во работничко семејство во Јесенице. Нејзините родители се преселиле во Словенија повеќе од една деценија пред нејзиното раѓање како економски мигранти од сегашната Северна Македонија, пред тоа Југославија. По завршувањето на средното економско училиште во Радовљица, таа ги продолжила студиите на Факултетот за општествени науки во Љубљана. Дипломирала на меѓународни односи и магистрирала по светски студии во 2017 година, фокусирајќи се на пристапот на Европската унија кон македонското национално прашање.[1]

Новинарството

уреди

Била вработена во домашната политичка уредничка екипа на Словенечката агенција за печат, покривајќи вести кои ја вклучувале домашната политика и јавниот сектор. Во 2014 година ја добила наградата Watchdog од Словенечкото здружение на новинари како дебитант на годината. Од 2015 година до 2019 година, таа работела како новинарка во дневните вести „24УР“ на ПОП ТВ. Нејзиното известување се фокусирало на домашната политика, надворешните афери, европските теми, миграцијата, арбитражата и протестите низ Европа.

Политичка кариера

уреди

На 4 март 2019 година, Лист на Марјан Шарец (ЛМШ) објавил дека Јовева ќе го предводи билетот на листата на изборите за Европскиот парламент. Таа била избрана со втор најголем број преференцијални гласови (42.190 гласови) и станала пратеничка во Европскиот парламент. Покрај неа, од партијата ЛМШ бил избран и Клемен Грошељ за пратеник. По нејзиниот избор, меѓу другото, ветила транспарентно работење, вклучувајќи јавно обелоденување на средбите со лобисти и користењето на средствата на нејзината канцеларија.

Како пратеничка, таа е член на Комисијата за култура и образование (CULT/КУЛТ) и на Комисијата за вработување и социјални прашања (EMPL/ЕМПЛ). Дополнително, таа е заменски член во Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храна (ENVI/ЕНВИ), каде што ја извршува и функцијата заменик-претседател во Поткомитетот за јавно здравје (SANT/САНТ) од март 2023 година. Исто така, била вклучена во Специјалниот комитет за покорување на ракот (BECA/БЕСА), кој подготвил европска стратегија против болеста рак.[2]

Покрај комисиската работа, таа учествува и во делегации одговорни за меѓупарламентарните односи, како член на делегациите за Северна Македонија, Палестина, Централна Азија, Африка, Карибите и Пацифичките земји.[3]

Таа е исто така член и на Европските Парламентарни групи: Интергрупа за климатски промени, Биодиверзитет и одржлив развој,[4] Европската парламентарна интергрупа за мориња, реки, острови и приморски места[5] како и МЕП-ови против рак (MEPs Against Cancer).[6]

Наводи

уреди
  1. „About me | Irena Joveva“. 23 May 2016.
  2. „My work | Irena Joveva“. 15 April 2020.
  3. „Home | Irena JOVEVA | MEPs | European Parliament“. 26 February 1989.
  4. Intergroup on Climate Change, Biodiversity and Sustainable Development European Parliament.
  5. Members 2019-2024 European Parliament Intergroup on Seas, Rivers, Islands and Coastal Areas.
  6. MAC MEPs in the 2019-24 legislature Архивирано на 2 февруари 2020 г. MEPs Against Cancer.

Предлошка:Current EP Slovenia