Индиски крокодил

(Пренасочено од Ирански крокодил)
Индиски крокодил
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Влекачи
Ред: Crocodilia
Семејство: Crocodylidae
Род: Crocodylus
Вид: C. palustris
Научен назив
Crocodylus palustris
Lesson, 1831
Распространетост на Crocodylus palustris

Индискиот крокодил (Crocodylus palustris) познат и под името Ирански крокодил, Персиски крокодил или Мугер, живее во Индија, Пакистан и Шри Ланка. Го среќаваме и во некои делови на Бангладеш, Непал и Иран. Името Мугер е добиено според хинду зборот „магар“ што значи „водно чудовиште“[1][2].

Особености

уреди
 
Череп на индиски крокодил

Најголемиот примерок во Британскиот Музеј е долг 12 стапки, но се смета дека некои индивидиуи растат и многу повеќе.[3]. Возрасните мажјаци растат 4-5 метри и тежат повеќе од 450 килограми[4].

Кај индискиот крокодил, родителите имаат голема улога. После парењето, мајката гради гнездо каде и положува јајцата (од 10 до 48) кои тежат околу 85 грама. Потоа го маскира и прикрива гнездото со песок или земја. За време на инкубацијата, која трае 55-75 дена, мајката е постојано околу гнездото за да го брани од грабливци. Наколку часа пред ведењето, малите крокодили испуштаат звуци кои се слушаат на неколку метри оддалеченост, наменети за мајката и таткото. Потоа, родителите го откриваат гнездото и дури понекогаш помагаат при ведењето, односно ги тркалаат јајцата. Малите крокодили веднаш ги пренесуваат во вода. Се случува таткото да заземе заштитничка улога и да го брани гнездото од останатите крокодили, па дури и од мајката. Родителите ги чуваат малечките за време од 1 или 2 години. Потоа, малите се препуштени сами на себе, но родителите се прилично толерантни на нивното присуство.

Распространетост

уреди

Индискиот крокодил може да се најде во Индија, Бангладеш, Шри Ланка, Пакистан, Непал, јужниот дел на Иран и најверојатно во Индокина. Овој вид е единствениот вид на крокодил кој може да се сретне во Иран и Пакистан. Индискиот крокодил е најраспространетиот и најчестиот коркодил од трите вида на крокодили кои живеат во Индија. Го има во многу поголем број во земјата (а најверојатно и во околните земји) од многу поголемиот морски крокодил.

 

Во 1980-тите најголемата популација на диви крокодили живеела во резерватот Амараватхи во Тамил Наду, Јужна Индија, односно во реките Чинар, Тенар и Памбар. Бројот на единки се проценувал на 60 возрасни единки и 37 млади. Крокодилската фарма Амаравати Сагар е основана во овој регион во 1975 година и е најголемото одгледувалиште на крокодили во Индија. Јајцата се собираат од дивината во резерватот а потоа се чуваат на фармата каде се раѓаат младите крокодили. Истовремено се чуваат и до 430 единки. Стотици единки се враќаат во дивината кога ќе достигнат одредена возраст[5].

Живеалиште

уреди
 
Индиски крокодили во заробеништво


Индискиот крокодил е претежно слотководен крокодил, што значи дека живее во езера, реки и мочуришта. Овие крокодили претпочитаат мирни и плитки води. Откриено е дека ги населуваат и вештачките резервоари и канали за наводнување. Понекогаш ги среќаваме и во солени води, односно во лагуните. Како и неговиот роднина, кубанскиот крокодил, адаптиран е повеќе за копнен живот, но од еколошки аспект посличен е со нилскиот крокодил. Се знае дека овој вид е доста подвижен на копно, и може да помине големи растојанија во потрага по поволно живеалиште. Индискиот коркодил може и да го брка пленот на копно на кратки растојанија. За време на сувата сезона, се кријат во дупки кои самите ги копаат.

Исхрана

уреди

Овој влекач е месојад и се храни со риби, други влекачи и мали цицачи како мајмуни на пример. Всушност, повеќето рбетници кои се доближуваат да пијат вода се потенцијален плен, кој лесно може да биде зграпчен и одвлечен во длабоката вода. Големите возрасни единки ловат и поголеми цицачи како елени, вклучувајќи го и 225 килограми тешкиот Самбарски елен, и 450 килограми тешкото Домашно водно бафало. Возрасните крокодили се во директна конкуренција за храна со тигарот. Тигрите можат и да ги уловат овие крокодили и претставуваат единствениот природен грабливец освен другите видови на крокодили.

Наводи

уреди
  • Crocodylus palustris. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на 9 мај 2006. Listed as Vulnerable (VU A1a, C2a v2.3)
  1. http://dictionary.reference.com/browse/mugger
  2. Britton Adam (2002) Crocodilian species list, retrieved 30 август, 2007 Crocodylus palustris
  3. Boulenger, G. A. (1890) Fauna of British India. Reptilia and Batrachia.
  4. Crocodilian Species - Marsh Crocodile (Crocodylus palustris)
  5. Andrews,Harry V., "Status and Distribution of the Mugger Crocodile in Tamil Nadu"[1] Архивирано на 23 ноември 2008 г.