Ираклион
Ираклион, Хераклион или Ираклио (грчки: Ηράκλειο, италијански: Candia) — главен град на округот Хераклион во рамките на периферијата Крит. Тоа е најголемиот град во јужниот дел на Грција на нејзиниот најзначаен и најважен остров Крит.
Ираклион Ηράκλειο | |
---|---|
Координати: 35°20′N 25°8′E / 35.333° СГШ; 25.133° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Крит |
Округ | Ираклион |
Управа | |
• Градоначалник | Василис Ламбринос |
Површина | |
• Општина | 244,6 км2 (94,4 ми2) |
• Општ. един. | 109 км2 (42 ми2) |
Најг. вис. | 33 м |
Најм. вис. | 0 м |
Население (2011)[1] | |
• Градскo | 211.370 |
• Општ. | 173.993 |
• Општ. густина | 710/км2 (1,800/ми2) |
• Општ. един. | 151.324 |
• Општ. един. густина | 1,400/км2 (3,600/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 70x xx, 71x xx, 720 xx |
Повик. бр. | 281 |
Рег. таб. | HK, HP, HZ |
Мреж. место | https://www.heraklion.gr/ |
Географска положба
уредиИраклион е сместен на северниот брег на Крит, на бреговите на Егејско Море. Подрачјето на градот е еден низинско за разлика од останатиот ридест дел на Крит и е најпогоден дел на островот за живеење.
Историја
уредиВо близина на денешниот Ираклион се остатоците на палатата во Кносос, еден од главните центри на минојската цивилизација, која овде се развивала во 2 милениум п.н.е. Овие остатоци денес претставуваат важно археолошко наоѓалиште. Се верува дека денешната Ираклион во тоа време беше пристаниште на палатата, но понатамошни истражувања не се извршени.
Сообраќај
уредиИраклион, како еден од најголемите градови во Грција, има развиено градски и приградски сообраќај. Градот има важно пристаниште, кое ги поврзува градот со околните острови, како што се Родос, Санторини, но и со Израел и Египет. Патниот сообраќај е развиен и Ираклион е едно од местата на европскиот коридор Е-75. Овој коридор поминува низ сите важни градови на Крит.
Градот има меѓународен аеродром "Никос Казанѕакис", кој се наоѓа на 5 км источно од градот. Тоа е трет најфреквентен аеродром во земјата, благодарение на големиот број туристички одредишта на Крит и околината. Главниот проблем во врска со аеродромот е неговата близина до градот, поради што секојдневно се слуша големата бучава од авионите.
Надворешни врски
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.