Институт за меѓународно право
Институтот за меѓународно право (француски: Institut de Droit International) — организација посветена на изучување и развој на меѓународното право, чие членство го сочинуваат водечките светски меѓународни правници. Организацијата генерално се смета за најавторитетна светска академија за меѓународно право. Институтот ја добил Нобеловата награда за мир во 1904 година.[1]
Institut de Droit International | |
Кратенка | IIL, IDI |
---|---|
Гесло | Justitia et Pace |
Основана | 8 септември 1873 |
Вид | НВО, МВО, Општество |
Правен статус | Институт |
Цел | Промовирање на напредокот на меѓународно право |
Седиште | Женева, Швајцарија |
Координати | 46°13′15″N 6°08′37″E / 46.220722° СГШ; 6.143681° ИГД |
Генерален секретар | Марсело Коен |
Припадност | Советник - ECOSOC Советник - HCCH |
Мреж. место | www.idi-iil.org |
Историја
уредиИнститутот бил основан од Густав Мојние и Густав Роли-Жекинмин, заедно со 9 други реномирани меѓународни правници, на 8 септември 1873 година во Salle de l'Arsenal на градското собрание на Гент во Белгија. Основачите на 1873 година биле:
- Пасквале Станислао Манчини (од Рим), претседател;
- Емил де Лавелеј (од Лиеж);
- Тобијас Мишел Карел Асер (од Амстердам);
- Џејмс Лоример (од Единбург);
- Владимир Бесобрасоф (од Санкт Петербург);
- Густав Мојние (од Женева);
- Жан Гаспар Блунтчли (од Хајделберг);
- Аугусто Пјерантони (од Неапол);
- Карлос Калво (од Буенос Аирес);
- Густав Роли-Жекемин (од Гент);
- Дејвид Дадли Филд (од Њујорк)
Организација
уредиИнститутот е приватно тело, составено од соработници, членови и почесни членови. Статутот предвидува дека бројот на членови и соработници на возраст под 80 години не може да биде над 132. Членовите, поканети од организацијата, се лица кои покажале значајна научна работа од областа на меѓународното право и им е ограничена на оние кои се сметаат за релативно ослободени од политички притисок. Организацијата се обидува да има членови широко распространети низ целиот свет.
Организацијата одржува двогодишни конгреси за проучување на меѓународното право како што во моментот постои, и донесува резолуции со кои се предлагаат измени во меѓународното право. Не коментира за специфични спорови.
Додека нејзините препораки го опфаќаат меѓународното право во многу форми, некои нејзини резолуции се однесуваат на законот за човекови права и мирно решавање на споровите . Затоа организацијата ја добила Нобеловата награда за мир.[2]
Организацијата останала активна, со конгрес одржан во Неапол во септември 2009 година. Местото на седиштето на институтот ротира според потеклото на генералниот секретар. Сегашното седиште е на Постдипломскиот институт за меѓународни и развојни студии во Женева, Швајцарија.
Тековни членови на Институтот вклучуваат, истакнати правници, правни академици,[3] судии на Меѓународниот суд на правдата, Меѓународниот суд за законот на морето и Меѓународниот кривичен суд .
Неодамнешните резолуции од организацијата опфаќаат многу важни области како што се универзалното законодавство, привремени мерки, режим на урнатини, имунитет, животна средина, употреба на сила, итн.
Институтот го објавува својот „Annuaire“ (Годишник), во кој се содржани извештаите од комисиите, разгледувањата на пленарните сесии и сите изјавувања и резолуции што произлегуваат. Записите за административните сесии, вклучително и изборите, исто така се вклучени во Годишникот. Мрежното место за делата на Институтот е тука: http://www.idi-iil.org/en/publications/
На мрежното место на Институтот[4] се наоѓа онлајн библиотека со информации, вклучително, но не ограничувајќи се на, изјави, резолуции и некои работи во тек за понатамошно вклучување во Годишникот.
Наводи
уреди- ↑ „Nobel Peace Prize“.
- ↑ „The Nobel Peace Prize 1904“. NobelPrize.org (англиски). Посетено на 21 април 2020.
- ↑ „IDI-Membres“. Idi-iil.org. Архивирано од изворникот на 4 јули 2013. Посетено на 21 април 2020.
- ↑ idi-iil.org
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- „Societies of International Law“. The American Journal of International Law. 1 (1): 135–137. 1907. doi:10.2307/2186291. JSTOR 2186291.* Страна на Нобеловиот комитет за Наградата за мир во 1904 година Архивирано на 3 август 2004 г.
- Дела од или за Институт за меѓународно право на Семрежниот архив