Инга Леман (дански: Inge Lehmann; Копенхаген, 13 мај 1888 година - Копенхаген, 21 февруари 1993 година [1] ) билa дански сеизмолог и геофизичар. Во 1936 година, врз основа на до тогаш постоечките податоци, го постулитала постоењето на Земјиното[2][3] внатрешно јадро со физички својства различни од надворешното јадро и тоа дека Земјиното јадро не е единствена течна топка. Сеизмолозите, кои дотогаш не можеле да формираат делотворна хипотеза за опсервација дека П-брановите забавуваат кога ќе стигнат до некои области од внатрешноста на Земјата, набрзо го сфатиленеговиот заклучок. Таа била странски член на Кралското друштво.

Инга Леман
Родена 13 мај 1888( 1888-05-13)
Копенхаген,Данска
Починала 21 февруари 1993(1993-02-21) (возр. 104)
Копенхаген,Данска

Детство, младост и образование

уреди

Инга Леман е родена и пораснала во Естерброу, дел од Копенхаген. Нејзини татко бил експерименталниот физичар Алфред Георг Лудвик Леман (1858 - 1921). Таа одела во педагошки прогресивно средно училиште, кое го раководела Хана Адлер, вујна на Нилс Бор.[4][5] Според тврдењето на Леман, нејзиниот татко и Хана Адлер имале најзначајно влијание врз нејзиниот интелектуален развој.

Студирала математика на Универзитетот во Копенхаген и на Универзитетот Кембриџ, но ги прекинала студиите поради лошата здравствена состојба.[6] Продолжила да студира математика на Кембриџ од 1910 до 1911 година на колеџот Њунхам. Во 1911 година, таа се вратила од Кембриџ, исцрпена од работа и по некое време ги прекинала студиите. Таа развила добри сметачки вештини во актуарската канцеларија каде што работела неколку години пред да ги продолжи студиите на Универзитетот во Копенхаген во 1918 година. По две години се стекнала со титула по физика и математика. Кога се вратила во Данска во 1923 година, таа ја прифатила позиција на Универзитетот во Копенхаген како асистент на Ј. Ф. Штефенсен, професор по актуарска наука.[7]

Наводи

уреди
  1. „Lehmann, Inge“. Encyclopedia.com. Посетено на 15 октомври 2013.
  2. „Lehmann; Inge (1888–1993)“. The Royal Society. Посетено на 24 септември 2013.
  3. Bolt, Bruce A. (јануар 1994). „Obituary: Inge Lehmann“. Physics Today. 47 (1): 61. Bibcode:1994PhT....47a..61B. doi:10.1063/1.2808386. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „WiP: Herstory: Spotlight Scientist: Inge Lehmann“. Purdue University. Архивирано од изворникот на 2016-03-26. Посетено на 15 октомври 2013.
  5. Knopoff, Leon. „Lehmann, Inge“. UCLA. Посетено на 15 октомври 2013.
  6. Bolt, Bruce. „Inge Lehmann“. UCLA. Архивирано од изворникот на 21 октомври 2013. Посетено на 15 октомври 2013.
  7. Gillispie, Charles. Complete dictionary of scientific biography. Detroit, Mich.: Charles Scribner's Sons. стр. 234.

Литература

уреди