Илија Штерјов Сталески ( 1914 во Малкоец, Кичевско6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Илија Сталески
Роден 1914 година
Малкоец, Кичевско, Македонија под окупација на Србија
Починал 6 октомври, 1943 година
Кленоец, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец
Спомен обележје за паднатите борци и цивилни жртви во и од Малкоец, меѓу кои е ѝ името на Илија Сталески.
Спомен обележје на сите загинати кај Кленоец, меѓу кои е ѝ името на Илија Сталески.

Животопис

уреди

Роден е во селото Малкоец, но се преселил ѝ живеел во Кленоец. По занимање бил земјоделец. Во Кленоец имал можност да се вклучи во народно ослободителното движење и да соработува со доста позадински работници. Во Кленоец, во пролетта 1943 година, бил член на Народноослободителниот одбор и активно соработувал и го помагал движењето, но таа активност била откриена ѝ за време борбите на 5 октомври 1943 година бил фатен од балистите и стрелан на 6 октомври 1943 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 131.