Илија Михајлов (роден на 29 мај 1907 година во Велико Трново - починал на 15 август 1973 година во Белград) — македонски професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа уредување на шумите и за предметите уредување на шумите и дендрометрија.[1]

Илија Михајлов
Роден 29 мај 1907
Велико Трново, Бугарија
Починал 15 август 1973
Белград, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање професор

Животопис

уреди

Михајлов дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Софија (1930), каде што бил избран за асистент (1933). Докторирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Загреб (1939), а подоцна работел во Врховната стопанска комора во Софија (1944–1947). Еден од првите професори на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје по неговото формирање (1947). Истакнат и познат научен работник на домашен и на меѓународен план. Автор е на првиот учебник по „Дендрометрија“ за студентите од областа на шумарството во Македонија (1953), како и на „Уредување на шумите“. Објавил повеќе од 60 научни трудови.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Михајлов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 971. Text "series " ignored (help)