Илија Коцевски - Јанко (14 ноември 1918 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија, носител на Партизанска споменица 1941.[1]

Илија Коцевски - Јанко
Роден 14 ноември 1918 година
Ваташа
Починал 06 јануари 2002 година
Скопје
Националност Македонец
Познат Учесник во НОБ, носител на Партизанска споменица 1941
Илија Коцевски - Јанко

Потекнува од фамилијата Поп Ѓорѓиеви и е четврто од петте деца на Глигор и Лефтерија.

Животопис

уреди

Потекнувал од земјоделско семејство. Завршил основно училиште во Ваташа, а прогимназија во Кавадарци. Во младинското и револуционерното движење во своето родно село се вклучил по иницијатива на Ристо Џунов со кого биле врсници. Во 1941 година станал член на СКОЈ. Бил вклучен во сите активности на ваташката револуционерна организација околу подготовките за исфрлање на партизански одред.[1]

Во мај 1943 година бил меѓу првите борци на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов”. На 14 мај како член на една десетина учествувал во првата акција на одредот во селото Ресава во која имало судир со бугарската полиција. По војната работел во Министерството за внатрешни работи на Македонија. Носител е на Партизанска споменица 1941 година.[1]

 
 
Кралска морнарица - брод БЕОГРАД

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 414. ISBN 978-608-4621-04-1.