Илија Атанасовски
Илија Атанасовски - Ико (Тетово, 26 март 1950 - Скопје, 2 мај 2014) — македонски фудбалер и тренер, еден од основоположниците на самостојната македонска фудбалска федерација, првиот генерален секретар на ФФМ по приемот на Фудбалската федерација на Македонија во ФИФА и УЕФА.
Илија Атанасовски - Ико | ||
Роден | 26 март 1950 Тетово, СР Македонија | |
---|---|---|
Починал | 2 мај 2014 Скопје, Македонија | |
Занимање | фудбалер, тренер |
Животопис
уредиАтанасовски е роден на 26 март 1950 во Тетово. Повеќе од половина век го посветил на фудбалот. Бил активен фудбалер во ФК Вардар, ФК Тетекс и ФК Југококта, тренер во ФК Југококта и ФК Македонија, функционер и автор на монографијата „Сите ние сме големо семејство на фудбалот“, монографија од 500 страници посветена на фудбалската историја на Македонија. Тој 14 години ја извршувал функцијата Генерален секеретар во ФФМ. Починал по долго боледување на 2 мај 2014година во Скопје.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Почина поранешниот генерален секретар на ФФМ Илија Атанасовски“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-03-22.