Илија Митов Јанески ( 1925 во Премка, Кичевско12 април 1945 во Илинци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Илија Јанески
Роден 1925 година
Премка, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 12 април, 1945 година
Илинци крај Шид, Хрватска
Националност Македонец

Животопис

уреди

Неговото семејство живеело во Ѓорче Петров, каде што работел татко му како железничар. Како напреден младинец, уште од почетокот на Војната се определил за борба против окупаторот. Во борбите за конечното ослободување на Македонија, стапил во Петнаесеттата бригада, а потоа во составот на Петнаесетиот корпус, бил на Сремскиот фронт. Загинал на 12 април 1945 година во борба со Германците кај селото Илинци близу Шид.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 66.