Илијас-бегова џамија
Илијас-бегова џамија (турски: İlyas Bey Camii) — историска џамија во Милет кај градот Соке во покраината Ајдин, западна Турција. Изградена е во 1403 г. по порачка на Илијас-бег (1402–1421), владетел на бејликот Ментеше. Денес е напуштена и претставува споменик на културата.
Илијас-бегова џамија | |
---|---|
İlyas Bey Camii | |
Надворешноста на џамијата. | |
Основни податоци | |
Место | Милет кај Соке Ајдин, Турција |
Припадност | ислам |
Мреж. место | miletilyasbey.com |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | селџучка архитектура |
Завршен | 1403 |
Особености | |
Пречник на куполата (внат.) | 14 м |
Материјали | камен, мермер тула |
Архитектура
уредиЏамијата е дел од комплес во чиј состав има медреса и амам.
Молитвената сала е покриена со кубе со пречник од 14 м, сместено на осумаголна основа и изработено од поплочени тули. Минарето од тули се срушило во земјотресот од 1955 г. Зградите се наоѓаат во рамките на археолошкото наоѓалиште на древниот град Милет. До комплексот се најдени остатоци од вила со бања од византиско време.
Во 2012 г. комплесот на Илијас-беговата џамија е награден со културнонаследната награда „Европа ностра“ на ЕУ .
Галерија
уреди-
Внатрешност на џамијата
-
Натпис
-
Столб
-
Надгробна плоча
-
Сотна вдлабнатина (михраб)
-
Комплесот од подалеку
-
Натпис
-
Поглед од покривот
Наводи
уреди- Archnet Архивирано на 25 мај 2011 г.
Надворешни врски
уредиОваа статија џамија или друго исламско светилиште е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |