Ивица Антески
Ивица Антески (Тетово, 13 септември 1976) — македонски поет, литературен критичар и новинар.[1]
Ивица Антески | ||
Роден | Ивица Антески 13 септември 1976 Тетово, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | Поет, новинар и танго инструктор |
Животопис
уредиИвица Антески е роден е на 13 септември 1976 година во Тетово. Пораснал во Гостивар каде што завршил основно и средно Електротехничко училиште. Во 1996 година се запишал на Филолошкиот факултет во Скопје и живеел на релацијата Гостивар - Скопје. Антески почнал да работи како новинар, рецензент, уредник и преведувач за дневните весници „Дневник“, „Македонија денес“ и „Нова Македонија“, студентските весници „Студентски збор“ и „Лоза“, за „Млад борец“, во дневниот весник “Време”. Работел како новинар, но и како одговорен уредник на дневниот весник „Шпиц“. Во раната 2009 година, Антески ја наоѓа својата нова пасија и полека навлегува во светот на тангото. Моментално е инструктор по танго како и реномиран танго диџеј.
Творештво
уредиИвица Антески пишува поезија, куси раскази, како и книжевни рецензии. Досега објавил четири книги:
Наводи
уреди- ↑ „Ивица Антески“. Архивирано од изворникот на 2010-04-14. Посетено на 2010-12-20.
- ↑ Книжевност (2007). (1-2. изд.). Отсутно или празно
|title=
(help)