Меше на годината
Меше на годината: поема со масни наслаги — збирка куси раскази на македонскиот писател Иван Шопов, објавена во 2012 година од издавачката куќа “Темплум”.
Технички податоци Уреди
Збирката „Меше на годината“ е објавена како 101 книга од библиотеката „Магма“. Таа има 91 страница и е испечатена во мек повез и со мал формат (17 сантиметри). Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, со ознаката ISBN 978-608-4658-10-8. На предната корица е ставена слика од Жан Арп, на крајот од книгата има список на изданијата во рамките на библиотеката „Магма“, додека на задната корица е даден кус осврт врз делото и куса биографија на авторот. Книгата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија.[1]
Содржина Уреди
Збирката „Меше на годината“ содржи предговор, напишан од авторот, 33 нумерирани песни во проза, еден расказ насловен како „Награда за животно дело“, како и 25 куси раскази без наслови, кои условно можат да се наречат гатанки.[1]