Иван (Иво) Визин (или Иво Визин) (3 ноември 180617 август 1868) бил хрватски морепловец и истражувач. По Магелан е шести морепловец и втор Хрват што го препловил светот.

Иван Висин
Роден(а)1806
Прчањ
Починал(а)1868
ЗанимањеМорепловец
Познат(а) поВтор Хрват на пат околу светот

Животопис

уреди

Се родил во Прчањ, Бока Которска во католичко семејство со потекло од Истра, за време на окупацијата на Бока Которска од страна на Француското Царство. Поморската кариера ја започнал уште на 12 години како „бродски мали“, а капетанскиот испит го положил во Трст.

Капетан Висин и поручникот Фридрих Белавита заедно со девет членови на екипажот тргнале на пат околу светот на 11 февруари 1852 година со бродот Сплендидо од Антверпен, со хабсбуршко знаме.[1] Бродот бил долг 30 метри, со носивост 311 тони. Висин тргувал на местата што ги посетил, пловејќи по Тихиот Океан и Кинеското Море. Нивната рута била: Антверпен - ’рт Хорн - Сан Франциско - Хонолулу - Сингапур - Бангкок - Хонгконг - ’Рт на Добрата Надеж - Плимут - Трст. Во Трст стигнале на 10 август 1859 година. На ова патување, едреникот поминал 100 000 морски милји.

Царот Франц Јосиф го одликувал капетанот Висин со почесно знаме за заслуги во трговската морнарица и со витешки крст од редот Фрањо Јосип.

Литература

уреди
  • Историски лексикон на Црна Горa, Daily Press, Подгорица 2006.

Наводи

уреди