Иван Артемушкин (руски: Иван Григорьевич Артёмушкин;1897 - почеток на 1950-тите, Пловдив) бил архитект и руски имигрант. Неговата архитектонска дејност го опфаќа периодот меѓу двете светски војни. Проектирал поголем број поединечни семејни и станбени згради во Скопје каде што и имал свое техничко биро. Во неговите објекти се истакнуваат неоренесансни и неокласицистички елементи (до 1932), а потоа градел во духот на модерниот рационализам. По Втората светска војна до 1948 година работел во Архитектонското одделение при Министерството за граденжништво, по што се отселил во Бугарија.

Позабележителни објекти:

уреди
  • Станбена зграда на д-р Рубен (1927)
  • Станбена зграда на браќа Бојаџиеви (1931)
  • Станбена зграда на браќа Читкушеви (1931)
  • Станбена зграда на браќата Радулови (1934)
  • Станбена објект (Арапска куќа) на Агат Дикаџијан (1937)

Литература

уреди