Ивана Димиќ
Ивана Димиќ (српски: Ивана Димић; 1957, Белград) - српска писателка.
Ивана Димиќ | ||
Родена | 30 јули 1957 Белград, СФРЈ | |
---|---|---|
Занимање | писател, драматург, преведувач |
Животопис
уредиИвана Димиќ е родена во Белград, во 1957 година. Таа работи како самостоен драматург во повеќе белградски театри, а претходно била и помошник на министерот за култура, директорка на драмата при Народниот театар и директорка на „Ателје 212“. Во 2001 година станала членка на Српското книжевно друштво, а од 2005 година има статус на истакнат уметник. Димиќ живее и работи во Белград.[1]
Творештво
уредиДимиќ е авторка на бројни кратки раскази, драми, драматизации и телевизиски сценарија. Исто така, таа преведува од англиски и од француски јазик. Таа е автор на следниве збирки раскази:[1]
- „Црн зеленчук“ (1995)
- „Селски тутун, мастило и маж“ (1998)
- „Земање на времето“ (2001)
- „Има ли некој“ (2006)
- „Попис на имотот“ (2009)
Меѓу нејзините попознати драми спаѓаат:[1]
- „Пред огледалото“ (1986)
- „Пепелашка“ (1989)
- „Белиот агол“ (1998)
- „Голии“ (2001)
- „Змајовините пангалози“ (2007)
Исто така, изведени се следниве нејзини драматизции:[2]
- „Мамец“ (врз основа на истоимениот роман на Давид Албахари, 1998)
- „Циганите летаат на небо“ (според расказот на Максим Горки, 2004)
- „Петар Пан“ (според истоимениот роман на Џејмс Бари, 2010)
Ивана Димиќ е добитник на повеќе награди: наградата на фестивалот Тиба за најдобар драмски текст („Змајовини пангалози“, 2010); Златен прстен за траен придонес во културата (2011), годишната награда за претставите „Хенри VI“ и „Женски оркестар“ (2012), а во 2017 година ја добила НИН-овата награда за најдобар роман (за „Арзамас“) [3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Beleška o piscu“, во: Ivana Dimić, Arzamas (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2016, стр. 205.
- ↑ „Beleška o piscu“, во: Ivana Dimić, Arzamas (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2016, стр. 205-206.
- ↑ „Beleška o piscu“, во: Ivana Dimić, Arzamas (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2016, стр. 206.