Џура зурла
Џура зулра (од турскиː cura zurna) — дувачки музички инструмент од типот обоа, со двојазична писка. Има персиско-арапско потекло и е најмал од фамилијата зурли (250 - 280 мм). Најчесто се употребувала во Гевгелиско и Гостиварско, а во Турција најповеќе во областите долж Црното Море. Таа ја свири главната мелодија, а е придружена од средната зурла јарамкаба, која бордунира. Има остар писклив звук.[1]
Џура зурла | |
Класификација | |
---|---|
Наводи
уреди- ↑ Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 106.
Поврзано
уреди- Јарамкаба зурла — средната верзија на зурла
- Каба зурла — најдолгата верзија на зурла