Елена Караѓорѓевиќ
Јелена Караѓорѓевиќ (4 ноември 1884 во Цетиње — 16 октомври 1962 во Ница) била ќерка на Петар I Караѓорѓевиќ и Зорка Караѓорѓевиќ. По раната смрт на нејзината мајка, таа пораснала кај нејзините тетки Анастасија и Милица. Таа отишла во манастирот Смолни и станала добра пријателка со големата кнегиња Олга Николаевна, најстарата ќерка на Николај II.
Јелена Караѓорѓевиќ | |
---|---|
Princess Elena Petrovna of Russia | |
Сопружник | Иван Константинович Романов |
Династија | Династија Романови Династија Караѓорѓевиќ |
Татко | Петар I Караѓорѓевиќ |
Мајка | Зорка Караѓорѓевиќ |
Во 1911 година се венчала со Иван Константинович Романов. Студирала медицина во Санкт Петербург, сè додека не се родило нејзиното прво дете Иван. Во 1915 година се родила нејзината ќерка Екатерина. По падот на монархијата во Русија, нејзиниот сопруг бил убиен од страна на болшевиците, а таа била заробена. Во 1919 година добила дозвола да ја напушти земјата, па заедно со нејзините деца заминале во Ница, каде останала до крајот на својот живот.