Зорица Јевремовиќ
Зорица Јевремовиќ (српски: Зорица Јевремовић, 22 август 1948 - 5 октомври 2023 во Ражањ, Ниш, Србија) — српска и југословенска театарска и видео режисерка, драматург, интермедијална теоретичарка, историчарка на културата и феминистка.[1] Директорка е на белградскиот Центар за медиуми „Ранко Мунитиќ“ и уредник на регионалното списание за медиуми и култура Медиантроп.[2]
Зорица Јевремовиќ | |
---|---|
Зорица Јевремовић | |
Јевремовиќ во 2002 г. | |
Роден(а) | Зорица Јевремовиќ 22 август 1948 Ражањ, НР Србија |
Починал(а) | 5 октомври 2023 Белград, Србија | (возр. 75)
Образование | Факултет за драмски уметности во Белград (1975) |
Занимање | театарски и видеорежисер, драмска писателка, теоретичарка, книжевна историачрка |
Активен период | 1968–2023 |
Сопружник | Ранко Мунитиќ |
Меѓу другото, значајна е и нејзината работа на основање на театарски дружини за маргиналните општествени групи, како и придонесот за втемелување на стрипската и телевизиската теорија во СФРЈ во 1970-те. Нејзин сопруг беше истакнатиот југословенски културен работник Ранко Мунитиќ.
Животопис
уредиРодена е во Ражањ, пораснала во Белград. Дипломирала драматургија на Факултетот за драмски уметности во 1975. година. Со драматургија се занимавала во алтернативните и неформалните групи за театар и филм: КПГТ (1980-1990), Арт-филм (1981-1983), Нова чувствителност (1984-1985), Претпријатие за театарски работи (1992).
Како заговарачка на југословенскиот културен простор ја истражувала културната историја и теолошкото обичајно право на мултинационалните и повеќеконфесионалните средини во СФРЈ: Дубровник (1976-1980), Пераст (1981), Повља (1982), Тацен (1981-1984), област Пољица (1986-1990), Дечани (1981-1989) и Зјум (1990). Објавила книги од мултимедијалната теорија и театарската драма, а уредувала и научни зборници од книжевната историја.
Основала алтернативни театри кои работеле како „театарски кварт“ во гетоизираните заедници, на местата коишто порано не биле театарски активни: Перформативен „Уличен детски театар“ во Скадарлија (1985), „Џепен театар М“ во психијатријската болница „Д-р Лаза Лазаревиќ“ (1993-1995), „ПАТ 5а“, феминистички театар во Автономниот женски центар против сексуално насилство (1997-1999). Во почетокот на граѓанската војна во Југославија во 1990-тите била активистка во двете антивоени групации: „Цивилно движење на отпорот“ и „Белградски круг“, во чиишто рамки извела повеќе културолошки проекти: „Босна, човечки траги“ (1992).
Во 2008 година прави изложба „Косово од мојот стан“ од фотографии на предмети кои ги купувала и ги добивала на подарок од Косово и Метохија (1981-1990).[3]
Членка е на Сојузот на драмски уметници на Србија од 1978. Од 2007. година е членка на Српското книжевно друштва. Од декември 2011. е директорка на Центрот за медиуми „Ранко Мунитиќ“ каде како интермедијална теоретичарка води повеќе проекти.
Дело (избор)
уреди- Книги
- Распад система /Распад на системот/, „Аурора“, Белград, 2000.
- Семиолошки кругови, „Прометеј“, Нови Сад, 2001.
- Четири предратне драме /Четири повоени драми/, „Прометеј“, Нови Сад, 2001, ISBN 86-7639-543-8; второ проширено издание 2006, ISBN 86-515-0016-5
- Спотови носталгије: о феноменологији, комуникологији и естетици медија /Спотови на носталгијата: за феноменологијата, комуникологијата и естетиката на медиумите/, Радио-Телевизија Србија, Белград 2006. ISBN 86-81733-39-7
- Балада о девојачком оделу /Балада за девојчинската облека/, „Досије“, Белград, 2006. ISBN 86-909635-0-2
- Позориште као стварање света/Театарот како создавање на светот/ , Институт за театар, филм, радио и телевизија, Белград, 2008. ISBN 978-86-82101-36-9
- Дупли пас, соавтор Ранко Мунитиќ, Радио-Телевизија Србије — Издавачка делатност, Белград, 2012. ISBN 978-86-6195-014-8[4]
- Тишина, помрлице, Центар за медије „Ранко Мунитић“, Београд, 2017.[5]
- Драми
- На станици /На станицата/, 1968.
- Ој, Срби’о, нигде лада нема /Ој, Срби’о, никаде ладовина нема/, 1971.
- Вукодлак из Самарије /Врколакот од Самарија/, 1973.
- Копиле 1948-1968 /Копиле 1948-1968/, 1987.
- Фјодорова девојчица /Фјодорово девојче/, 1991.
- Бајка блуз /Бајка блуз/, 1994.
- Пут у немогуће или потрага за богињом Клио /Пат во невозможното или потрага по божицата Клио/, 1995.
- Шапутаве девојке I /Шепотливи девојки I/, 1997.
- Шапутаве девојке II /Шепотливи девојки II/, 1999.
- Балада о девојачком оделу /Балада за девојчинската облека/, 2004.
- Помрлице (три умирања и један сан)[мртва врска], 2017.
- Есеи и студии во периодиката
- „Тотални стрип“ Архивирано на 30 декември 2013 г. /„Тотален стрип“/, Култура, 1975.
- „Исповести ђака монашке школе Светом краљу Дечанском априла 1941“ Архивирано на 30 декември 2013 г. /„Исповед на ученикот на монашката школа на Светиот крал Дечански во април 1941“/, Култура, 1991.
- „Позоришне политичке фабрике“ /„Театарски политички фабрики“/, Република, бр. 468-469, Белград, 1-31 јануари 2010.
- Приредување на научни зборници
- Сава Мркаљ, списание Книжевност, 1984.
- Св. Сава и Хиландар, Книжевност, 1988.
- Ватрослав Јагиќ, Книжевност, 1990.
- Видеографија
- Аутовидеографија /Автовидеографија/ (1996)
- Шапутаве девојке /Шепотливи девојки/ (2001)
- Шапутаве девојке II /Шепотливи девојки II/ (2003)
- Ишчекивање /Исчекување/ (2004)
- Краљица ноћи /Краљица на ноќта/ (2005)
- Промоција Џепног позоришта М /Промоција на Џепниот театар М/ (2005)
- Босна 92 – људски трагови /Босна 92 – човечки траги/ (2005)
- Остаци филмске траке /Остатоци од филмската лента/ (2005)
Литература
уреди- Јевремовић, Зорица. „Позориште кварта - елементи једне биографије: (ауто)портрет Зорице Јевремовић кроз исповест сачињену од мноштва путовања, али увек на истом трагу“ Архивирано на 30 декември 2013 г. /„Театар на квартот - елементи на една биографија: (авто)портрет на Зорица Јевремовиќ низ исповед сачинета од мноштво патувања, но секогаш на иста трага“/, приредио Александар Милосављевић, Сцена, год. 38, бр. 2 (2002), стр. 49-54
- „Свако личи на оно што јесте: Зорица Јевремовић, драмски писац“ Архивирано на 30 декември 2013 г. /„Секој личи на она што е: Зорица Јевремовиќ, драмски писател“/, разговарала Бранка Криловић, Сцена, год. 38, бр. 2 (2002), стр. 37-48.
- Бекчић, Гордана. „Осуђене на позоришно непостојање: Зорица Јевремовић: Четири предратне драме, Прометеј, Нови Сад 2001.“ /„Осудени на театарско непостоење: Зорица Јевремовиќ: Четири повоени драми, Прометеј, Нови Сад 2001.“/, Сцена, год. 39, бр. 1/2 (јануар-април 2003.), стр. 112-113.
- Милосављевић, Александар „Неспоразуми са душом: белешка о (неким) драмама Зорице Јевремовић“ /„Недоразбирање со душата: белешка за (некои) драми на Зорица Јевремовиќ“/, у: Четири предратне драме / Зорица Јевремовић, 2006, стр. 5-8.
- Драгићевић-Шешић, Милена. „Интеркултурна медијација - деловати различито у времену плиме једноумља“ /„Интеркултурна медијација - дејствување различно во време на плима на едноумие“/, изворно објављено као поговор у: Балада о девојачком оделу / Зорица Јевремовић, 2006, стр. 110-126.
- Драгићевић-Шешић, Милена. „Театрализација историје или пут у будућност: драмско дело Зорице Јевремовић“ /„Театрализација на историјата или пат во иднината: драмското дело на Зорица Јевремовиќ“/, изворно објављено у: Култура, Књ. 124 (2009), Београд, стр. 209-220.
Извори
уреди- ↑ „Зорица Јевремовиќ: Копиле (1948-1968), драма на утопијата“ Архивирано на 30 декември 2013 г. (за претставата), Центар за културна деконтаминација, Белград, 2009. (српски)
- ↑ „Главен уредник“ Архивирано на 30 декември 2013 г., Медиантроп, Београд. (српски)
- ↑ Радовиќ, Настасја. „Зорица Јевремовиќ-Мунитиќ: Во куќата го имам своето Косово“ (интервју), Монитор, Подгорица, бр. 1027, 25. јун 2010. (српски)
- ↑ „Дупли пас“, РТС, 1. нов 2015.
- ↑ Матијевић, Ивана. „Претстављена књига 'Тишина, помрлице'”, Данас, Београд, 18. децембар 2017.
Надворешни врски
уреди- Текстови на Зорица Јевремовиќ Мунитиќ во списанието Култура Архивирано на 1 јануари 2014 г., Завод за проучување на културниот развој, Белград (српски)
- Центар за медиуми „Ранко Мунитиќ“, Белград (српски)
- Медиантроп, регионално списание за медиуми и култура Архивирано на 29 декември 2013 г. (српски)