Отвори го главното мени


Зоран Тодоровски (Скопје, 3 март 1950 - Скопје, 5 март 2015) — македонски историчар и директор на Државниот архив на Македонија.

Zoran Todorovski.jpg
Роден 3 март 1950
Скопје, СР Македонија СР Македонија
Починал 5 март 2015
Скопје, Македонија Македонија
Занимање историчар

БиографијаУреди

Тодоровски е роден во Скопје на 3 март 1950 година.[1] Основно и средно образование завршил во Кавадарци и Скопје. Во 1972 година дипломирал на филозофскиот факултет - Скопје, група историја и историја на уметноста. Во 1981 година магистрирал на Филозофскиот факултет во Скопје на тема "ВМРО (автономистичка) 1918 - 1924 година". На истиот факултет во 1995 годенадокторирал на тема "Внатрешната македонска револуционерна организација 1924-1934 година". Во текот на својата работна кариера работел во Републичкиот комитет за култура (1975-1990) и во Институтот за национална историја (1990 - 1999). Од 1999 до 2002 година бил директор на Државниот архив на Република Македонија, во периодот од 2002 - 2006 повторно работел во Институтот за национална историја, за повторно во втор мандат да биде директор на Државниот архив на Република Македонија од 2006 година до 2015 година. Научниот интерес на професор Зоран Тодоровски е насочен кон изучување на поновата македонска историја, главно кон првата половина на XX век и особено на настани и личности, кои припаѓаат на македонското националноослободително и револуционерно движење.

Зоран Тодоровски бил активен и стручно и општествено ангажиран. Тој бил секретар на Сојузот на друштвата на историчарите на Република Македонија, член на Редакцијата и одговорен уредник на списанието „Историја“, член на Републичката комисија за музеи и на Републичкиот педагошки совет. Бил претседател на Одборот за наградата „13 Ноември“ и „11 Октомври“. Како директор на Државниот архив на Република Македонија постигнал големи резултати преку соработка со повеќе архивски институции од странство. Македонскиот архив соработува и со Меѓународниот архивски совет, со седиште во Париз, Меѓународниот центар за архивски истражувања со седиште во Виена и со Меѓународниот институт за архивистика од Трст и Марибор.

Зоран Тодоровски е автор на преку стотина научни трудови, од кои дваесет книги и зборници на документи, над 50 статии и апликации, 25 фejлетони и 33 историографски дополнувања во периодиката. о нив се третираат различни недоволно истражени личности и настани поврзани со постоењето и активностите на многу македонски револуционерни организации: ВМРО, ВМРО (об), МЕФО, Илинденската организација, ММТРО, МПО, како и други прашања од македонската историографија. Сите негови истражувања се базираат на нови документи, со богати историски факти, анализи, кои претставуваат важни апликации во македонската историографија. Учествувал е и во над 30 меѓународни конференции. Во соработка со државните архиви на Бугарија издава дневникот на Крсте Мисирков, а исто така и зборник со документи на Тодор Александров. Застапува се за рехабилитација на Тодор Александров и Иван Михајлов од историографијата на Република Македонија.

Тодоровски е ревизионист.[2] Тој тврди дека, Македонската историографија е делумно селективна и еднонасочна. Афирмирајќи ги комунистичките и левите струи во македонското револуционерно движење, таа неоправдано и ненаучно ги запоставува десните струи во истото движење. Истата ненаучна поделба го довела Македонскиот народ, според него, во една состојба на галиматијас. Тодоровски смета дека во национална смисла македонските револуционери од ВМОРО, ВМРО (Автономистичка) и дури од ВМРО (Обединета) биле со бугарско сознание. Во таа смисла не може да се прави разлика меѓу левите и десните и макар и се уште да се робува на такви ненаучни и селективни поделби во Република Македонија.[3]

Зоран Тодоровски починал во Скопје на 5 март 2015 година.[4]

БиблиографијаУреди

  • Музејска дејност во СР Македонија – досегашни постигања и натамошен развој (коавтор), Отешево, 1997, 97 стр.;
  • Музејска дејност во СР Македонија (коавтор), Скопје, 1980, 127 стр.;
  • Златна книга – 100 години ВМРО (коавтор), Скопје, 1993, 272 стр.;
  • Внатрешната македонска револуционерна организација 1924 - 1934, Скопје, 1997, 281 стр.;
  • Владимир Ковачев, Песни за Македонија (избор и предговор), 1997, 110 стр.;
  • Владислав Ковачев, Политичкото вјерују на Македонците (предговор и редакција), Скопје, 2000, 196 стр.;
  • Револуционерните борби во Тиквешијата – спомени и материјали (коавтор), книга 1 - 2, Скопје, 2001, 1.193 стр.;
  • Македонија низ вековите, каталог (коавтор), Скопје, 2001, 81 стр.;
  • Петар Шанданов, Спомени (предговор и редакција), Скопје, 2002, 310 стр.;
  • Тодор Поп Антов, Спомени (предговор и редакција), Скопје, 2002, 257 стр.;
  • „Le mouvement macedonien“ (Македонското движење), (коавтор), Скопје, 2002, 337 стр.;
  • Методија Андонов - Ченто (коавтор), Скопје, 2002, 532 стр.;
  • Премрежињата на македонското револуционерно движење. Спомени: Христо Калајџиев, Крсто Лазаров, Крум Петишев, Атанас Џолев, Мирчо Кикиритков (предговор и редакција), Скопје, 2003, 278 стр.;
  • Тодор Александров, Сè за Македонија. Документи 1919 – 1924 (предговор и редакција), Скопје, 2005, 1.020 стр.;
  • Христо Поп Антов, Спомени (предговор и редакција), Скопје, 2006, 369 стр.;
  • Велес меѓу двете светски војни 1918 - 1941 (коавтор), Скопје, 2007, 269 стр.;
  • Крсте Петков Мисирков, Дневник 5. VII – 30. VII 1913, Скопје - Софија (коавтор), 2008, 446 стр.;
  • Ид его сум (Македонски историски рефлексии), Скопје, 2008, 480 стр.;
  • Македонското прашање во бугарскиот парламент 1918 - 1941 (коавтор), Скопје, 2008, 383 стр.;
  • Кратово низ вековите, каталог (коавтор), Кратово, 2009, 48 стр.;
  • Мементо (Македонски историски реминисценции), Скопје, 2009, 231 стр.;
  • Војводата Славчо Абазов 1883 - 1928, каталог (коавтор), Кочани, 2010, 42 стр.;
  • Димитар Мирчев, Спомени (предговор и редакција), Скопје, 2002, 231 стр.;
  • Павел Шатев 1882 - 1951, Живот посветен на Македонија, каталог (коавтор), Кратово, 2011, 15 стр.
  • Методија Шаторов - Шарло, Документи и материјали (предговор и редакција), Скопје, 2012, 431 стр.;
  • Павел Шатев, Историја на Македонија (материјали), том 1 (предговор и редакција), Скопје, 2012, 402 стр.;
  • Павел Шатев, Борис Сарафов (биографија), том 2 (предговор и редакција), Скопје, 2012, 149 стр.;
  • Павел Шатев, Спомени, том 3 (предговор и редакција), Скопје, 2013, 364 стр.;
  • Павел Шатев, Полициско досие, том 4 (предговор и редакција), Скопје, 2013, 220 стр.;
  • Павел Шатев, Записи за нацијата и државата, том 5 (предговор и редакција), Скопје, 2013,
  • Павел Шатев, Македонија и балканскиот проблем, том 6 (предговор и редакција), Скопје, 2013,
  • Павел Шатев, Македонија под ропство, том 7 (предговор и редакција), Скопје, 2013,
  • Павел Шатев, Документи, том 8 (предговор и редакција), Скопје, 2013, 288 стр.;
  • Павел Шатев, Заточението во Сахара - Фезан, том 9 (предговор и редакција), Скопје, 2013,
  • Автономистичката ВМРО на Тодор Александров 1919 - 1924 (предговор и редакција), Скопје, 2013, 286 стр.;
  • Тодор Александров, едиција „Македонски дејци“, Скопје, 2013,

ИзвориУреди

НаводиУреди

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр 1489.
  2. Stefan Troebst, Germany, Historical politics and historical “masterpieces” in Macedonia before and after 1991.
  3. Интервю со д-р Зоран Тодоровски, Уште робуваме на старите поделби, сп. България - Македония, брой 5, 2005 г.
  4. Почина Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив на Македонија