Зоран Арсиќ
Зоран Арсиќ (30 септември 1962) е поранешен српски фудбалски судија и фудбалер.
Биографија
уредиФудбалската кариера ја започнал во 1975 година во Динамо Панчево, а од 1979 година е професионален фудбалер. На професионално поле дебитирал во 1980 година во Скопје, играјќи за ФК Партизан на натпреварот против ФК Вардар. Играчката кариера ја завршил во 1992 година.
Во периодот од 1989 до 2002 година ја започнал својата кариера како фудбалски судија, а во 1997 година станал меѓународен судија.
Беше претседател на Фудбалскиот сојуз на Војводина, член на ИО на Фудбалскиот сојуз на Србија, претседател на Општинскиот фудбалски сојуз на Суботица, претседател на Здружението на фудбалски судии на Војводина и Суботица и претседател на ФК. „Спартак“ од Суботица. Сега е претседател на женскиот фудбалски клуб „Спартак“ од Суботица.
Основач е на младинската фудбалска школа Палиќ, која постоела од 1994 до 1998 година.
Фудбалска кариера
уредиИграше на позицијата централен дефанзивец. Има играно за ФК „Динамо“ од Панчево, ФК „Партизан“ од Белград, ФК „Вележ“ од Мостар и ФК „Спартак“ од Суботица, каде што шест години бил капитен.
Судиска кариера
уредиВо 1989 година станал федерален фудбалски судија во СФР Југославија и до 2002 година судел на натпревари во сојузната лига.
Станал меѓународен судија во 1997 година. Има судено за квалификациите за Светското првенство, квалификациите за Европското првенство, квалификациите за Лигата на шампионите, квалификациите за Купот на УЕФА, Купот на УЕФА Интертото и финалето на Средоземните игри .
Наводи
уреди- Драган Роквиќ: Кој е кој во Суботица - современи биографии на Суботица, издавач: Студио Браво, Суботица 2006. Страна 303.
Надворешни врски
уреди- Профил Архивирано на 4 март 2016 г.