Знаме на Филипините
Знамето на Филипините е официјалнот знаме на оваа азиска држава. Знамето е составено од две хоризонтални ленти во сина и црвена боја. Од левата страна, на прицврстениот дел има бел триаголник на кој има приказ на три златни петокраки и едно сонце со осум краци.[1]
Назив | Pambansang Watawat („национално знаме“), Tatlong bituin at isang araw („три ѕвезди и сонце“) |
---|---|
Употреба | државно и пловно знаме |
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 12 јуни 1898 |
Опис | Две хоризонтални ленти во сина и црвена боја со бел триаголник на прицврстениот дел и златно сонце со осум краци и три златни петокраки. |
Творец | Емилио Агиналдо |
Варијанта на знамето на Филипините | |
Употреба | воено знаме |
Сразмер | 1:2 |
Опис | Како и националното, но со мала замена во боите. |
Дизајн
уреди
Боите за знамето се посочени во Републичкиот акт на Филипините.[2] Боите се:
шема | сина | црвена | бела | жолта |
---|---|---|---|---|
АБСАД | 80173 | 80108 | 80001 | 80068 |
Pantone | 286 | 186 | н/п | 116 |
RGB | 0-56-168 | 206-17-38 | 255-255-255 | 252-209-22 |
CMYK | C100-M60-Y0-K5 | C0-M90-Y65-K10 | н/п | C0-M18-Y85-K0 |
HEX | #0038A8 | #CE1126 | #FFFFFF | #FCD116 |
Симболизам
уредиСпоред Владата на Филипините, белата боја симболизира еднаквост и братство, сината симболизира мир, правда и вистина и црвената симболизита патриотизам. Сонцето симболизира единство, слобода и народна демократија, додека осумте краци ги симболизираат првите осум покраини кои се дигнале притив шпанската колонизација. Трите ѕвезди ги симболизираат Лусон, Висаи и Минданао.[3]
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-09-30. Посетено на 2011-04-15.
- ↑ „Dictionary of Vexillology:C“. Flags of the World. Посетено на 2007-06-06.
- ↑ Albert P. Blaustein; Jay A. Sigler; Benjamin R. Beede (July 1977). Independence documents of the world. Brill Archive. стр. 570. ISBN 9780379007954.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Знаме на Филипините“ на Ризницата ? |
- Филипини — „Знамиња на светот“
- Знамиња и грбови Архивирано на 8 март 2012 г.
- Знамиња и хералдички кодови на Филипините — „Знамиња на светот“