Знаме на Латвиската Советска Социјалистичка Република

Знамето на Латвиската Советска Социјалистичка Република било усвоено на 17 јануари 1953 година од страна на тогашната влада на Латвиската ССР. Ова знаме било во употреба до 19 февруари 1990 година, кога било заменето со денешното знаме на Латвија.

Знамето на Латвиската ССР.

Дизајн

уреди

Знамето било во црвена боја, а во долниот дел на знамето наизменично се протегале по две бели и темносини брановидни ленти, симбол на положбата на земјата на Балтичкото Море. Во горниот лев агол се наоѓал златен срп и чекан со петокрака над нив.

Првото знаме на Латвиската ССР било усвоено на 25 август 1940 година. Во горниот лев агол стоеле златен срп и чекан, а над нив имало натпис на латиница LPSR (латвиски: Latvijas Padomju Sociālistiskā Republika).

Историски знамиња

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди