Знаме на Казахстан
Знамето на Казахстан (казашки: Қазақстан байрағы, Qazaqstan bayrağı') е националното знаме на државата усвоено на 4 јуни 1992 и со тоа се заменило знамето на Казашка Советска Социјалистичка Република. Казашкото знаме е дизајнирано од Шакен Нијазбеков.
Назив | Қазақстан Республикасының Мемлекеттiк Туы |
---|---|
Употреба | државно и пловно знаме |
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 24 јануари 1996 |
Творец | Шакен Нијазбеков |
Варијанта на знамето на Казахстан | |
Употреба | управно пловно знаме |
Сразмер | 1:2 |
Варијанта на знамето на Казахстан | |
Употреба | морнаричко знаме |
Сразмер | 1:2 |
Опис
уредиНационалното знаме на Казахстан е во сина боја со златно сонце во средината околено со 32 зраци и со степски орел под него. Од страна на сонцето и орелот се наоѓа златен казашки вез.[1] Оваа претстава на знамето значи поврзаност на стариот ханат и Казаците. Сината боја ги претставува турските народи, но има и религиозни мотиви. Сонцето претставува извор на живот, енергија и богатство. Орелот симболизира моќ на државата и се користел низ минатото на Казахстан.
Историски знамиња
уредиНаводи
уреди- ↑ „Official site of the Akimat of Pavlodar Province - National emblem, flag and anthem of the Republic of Kazakhstan“. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2009-10-27.