Знаме на Егејска Македонија
Знамето на грчка Македонија (грчки: Σημαία της Μακεδονίας) — знаме кое Грците во Егејска Македонија го користат како неофицијално знаме на три периферии: Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија.[1] Знамето е со сина позадина на која има приказ на златна Ѕвезда од Кутлеш и е слично со поранешното знаме на Македонија. Ова знаме го користат и организации на Грци од Егејска Македонија во дијаспората, како што се тие во Соединети Американски Држави и Австралија[2][3][4].
Употреба | граѓанско знаме Национални симболи на Грција. |
---|---|
Сразмер | 2:3 |
Опис | Златна Ѕвездата од Кутлеш на сина позадина. |
Не е јасно кога точно знамето почнало да се употребува, но најверојатно е во доцните 1980-ти.[5] Во февруари 1993 грчкиот Парламент го изгласал знамето со Ѕвездата од Кутлеш за неофицијален национален симбол.[6] Во јули 1995, Грција поднела барање за заштита на правото на сопственост на заштитниот знак Ѕвездата од Кутлеш како официјален државен симбол според Член 6 од Париската конвенција за заштита на индустриска сопственост[7] со Светската организација за интелектуална споственост.[8] Сличноста со првото знаме на Македонија, која го искористила истиот дизајн на Ѕвездата од Кутлеш на црвена основа со пропорции 1:2, предизвикала контроверзии во Грција.[5]
Галерија
уреди-
Првото знаме на Македонија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Eleni Kokkonis-Lambropoulos & Katerina Korres-Zografos (1997). Greek flags, arms and insignia (Ελληνικές Σημαίες, Σήματα-Εμβλήματα) (грчки). E. Kokkonis-G. Tsiveriotis. ISBN 960-7795-01-6.
- ↑ „Pan-Macedonian Association USA“. Архивирано од изворникот на 2017-05-17. Посетено на 2011-06-28.
- ↑ „History of Macedonia“. Pan-Macedonian Network. Посетено на 2011-06-28.
- ↑ „Pan Macedonian Association of Melbourne and Victoria“. Посетено на 2011-06-28.
- ↑ 5,0 5,1 Znamierowski, Alfred (2010). The World Encyclopedia of Flags. Anness Publishings. ISBN 978-1-84476-895-0.
- ↑ Danforth, L. M. The Macedonian Conflict: Ethnic Nationalism in a Transnational World, p. 166
- ↑ Article 6ter Архивирано на 10 февруари 2014 г., Paris Convention for the Protection of Industrial Property.
- ↑ "Greece petitions for int'l rights to Vergina Star", ANA, 31 July 1995.
Надворешни врски
уреди„Знаме на Егејска Македонија“ на Ризницата ? |
- Грчка Македонија на Знамиња во светот.
Оваа статија Грција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |