Славна Македонија
Славна Македонија или Позната Македонија (грчки: Μακεδονία ξακουστή - Македонија ксакусти) е песна која Грците во Егејска Македонија ја сметаат за патриотска и неофицијална химна на тој дел од регионот Македонија.[1] Песната се изведува на паради и национални грчки прослави.
Карактеристики
уредиПесната е антикомунистичка и во еден дел се опеани грчките подвизи за припојување[се бара извор] на Егејска Македонија кон Грција и за истерувањето на Бугарите од регионот, кои пак го контролирале за време на Втората светска војна[2] како дел од фашистичкиот блок на држави. Така, за време на првите децении на минатиот век, во третиот стих од химната се пеело: „ги избрка Бугарите“, но со текот на годините како што се нормализирале односите меѓу Грција и Бугарија, зборот „ Βούλγαρους “(„Бугари“) подоцна е сменет со поненавредлив збор „ βάρβαρους“ („варварин“ – што всушност значи странец, туѓинец т.е. не-Грк).[2] Исто така стихот "κι εμείς θα σ'αντικρύζουμε, ελεύθερη και πάλι!" („и ние повтороно гордо ќе ве гледаме“) понекогаш се пее како „κι εμείς τα Ελληνόπουλα, σου πλέκουμε στεφάνι!“ („и ние, синовите на Грција, ви плетеме круна“)[се бара извор]
Според мрежната страница на грчката армија Архивирано на 23 јули 2011 г., оваа химна е воен марш заснован на традиционален „македонски (грчки) танц“, кој пак бил поврзан со Акрите од Византија. Песната е напишана во јампски 15 слогови, ритамот е 2/4 и може да се игра како „хасапико“.[се бара извор]
Текст
уредиГрчко писмо: Μακεδονία ξακουστή |
Грчка транскрипција: Македонија ксакусти |
Македонски: Славна Македонија |
---|---|---|
Μακεδονία ξακουστή, |
Македонија ксакусти, |
Славна Македонијо, |
Наводи
уреди- ↑ Рудометоф, В. (2002). Колективна меморија, национален идентитет и етнички конфликт: Грција, Бугарија и македонското прашање. Гринвуд Прес. стр. 81. ISBN 0-275-97648-3.
- ↑ 2,0 2,1 Victor Roudometof - „Collective memory, national identity, and ethnic conflict: Greece, Bulgaria and the Macedonian Question“, Greenwood Publishing Group, 2002, стр. 81
Надворешни врски
уреди- Славна Македонија Архивирано на 24 септември 2006 г.
- Славна Македонија Архивирано на 7 јуни 2011 г.