Златен Рог
Златниот Рог (турски Haliç, Халич; на грчки: Χρυσό Κέρας, Хрисо Керас) е залив на границата меѓу Босфор и Мраморно Море со должина од 12,2 км, ширина 92-120 метри и длабочина 47 метри. Над Златниот Рог се наоѓаат повеќе мостови, меѓу кој е и Галата. Идејата за негова градба била од познатиот италијански уметник Леонардо да Винчи, но неговата замисла се остварила по околу 500 години, а негов архитект бил Булент Гундор.
Набљудувано историски, Златниот Рог претставува најголема стратершка точка во реонот на денешен Истанбул. Во времето на Византија, по должината на брегот биле изградени ѕидини за заштита на градот од поморски напади. Кулата Галата дополнително придонесувала за одбрана на градот. Оваа кула во голема мера била уништена во времето на латинското заземање на градот во 1204 година, но потоа била повторно изградена.
Златниот Рог како тема во уметноста
уреди- „Златниот Рог“ (Златни Рог) - песна на српскиот поет Васко Попа од 1974 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 192.