Злате Матевски
Злате Матевски (Леуново, Гостиварско, 1921 - Сремски фронт, Независна Држава Хрватска 1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.[1]
Злате Матевски | ||
Роден | 1921 година Леуново, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1945 година Сремски фронт, Независна Држава Хрватска | |
Народност | Македонец |
Животопис
уредиРано останал без татко, веднаш по завршувањето на основното училиште бил принуден да замине на печалба во Белград. Таму работел како чирак, а покасно и како келнер по разни кафеани. И тој, како и сите други печалбарски работници, многу бргу врз себе ги почувствувал сите маки на печалбарството. Токму затоа, со симпатии гледал на работничкото движење на чело со КПЈ. Повремено се враќал во своето родно Леуново и во разговорите со своите врсници и постари селани им раскажувал за разни демонстрации и други акции на работничката класа и на младината во Белград. Сето тоа влијаело и самиот да се приклучи кон револуционерното дело, станувајќи активен учесник на НОБ, а нокасно борец и раководител на НОБ и ПОЈ. Храбро загинал на Сремскиот фронт како комесар на чета.[1]