Отвори го главното мени
Споменик на Јаника Балаж во Нови Сад
Родната куќа на Балаж во Лукино Село

Јаника Балаж (унгарски: Janika Balázs; 23 декември 192512 ноември 1988) — прочуен тамбураш од Војводина, Србија.

ЖивотУреди

Балаж е роден во 1925 г. во Лукино Село кај Зрењанин, во унгаројазично ромско семејство кое се негувала силна музикална традиција. Татко му впрочем се презивал Рач (Rácz), што бил неубав унгарски збор за Србин, па затоа го презел мајчиното презиме Балаж. Израснал во Бечеј, каде почнал да свири виолина во месната кафеана уште на возраст од 10 години. Кога сфатил дека не може да биде најдобриот виолинист, почнал да свири тамбура („прим“ или „бисерница“), и продолжил на неа до крајот на животот. Подоцна свирел во оркстарот "Браќа козаци" во подрачјето на Суботица и Хоргош. Од 1948 до 1951 работел во Радио Титоград, Црна Гора, кадешто ги усовршил своите вештини на тамбура.

Работел во Радио Нови Сад од неговото основање во 1951 г. па сè до смртта, а членувал и во „Велики тамбурашки оркестар“ при радиото. Вечерите со неговиот осумчлен оркестар свирел по новосадските кафани, особено на Петроварадинската тврдина и станал еден од нејзините симболи. Во текот на кариерата одржувал концерти ширум светот, вклучувајќи 36 изведби во париска Олимпија. Добивал повеќе понуди да се пресели во САД и СССР за да работи како наставник по тамбура, но Балаж никогаш не се согласил да го напушти Нови Сад, каде и починал во 1988 г.

Јаника зел учество и во неколку документарци и играни филмови. Нему му се посветени песните „Осам тамбураша с Петроварадина“ и „Примаши“. Во текот на кариерата работел со видни музичари како Звонко Богдан и Јулија Бисак.

По неговата смрт, градот Нови Сад му подигнал споменик на плоштадот спроти Петроварадинската тврдина преку Дунав. Творец на статуата е вајарот Ласло Силаѓи.

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди