За домот се работи
За домот се работи — драма од македонскиот драматург Горјан Милошевски.
Содржина
уредиДрамата се состои од шест приказни во кои се обработуваат различни теми: еволуцијата на свеста кај луѓето, револуциите, борбата за слобода, а исто така, таа претставува и критички осврт врз современото македонско општество. Драмата започнува со хуманистичките стремежи на ликовите, а потоа тие ја откриваат нивната деструктивна природа. Во неа се прикажани повеќе историски ликови и епизоди, како: Гаврило Принцип, Солунските атентатори, Кемал Ататурк, Ное, фрлањето на атомската бомбa врз Хирошима итн.[1]
Поставки
уредиДрамата била поставена во Битолскиот театар, а во режија на Мартин Кочовски. Во претставата глумеле: Иван Јерчиќ, Огнен Дранговски, Илина Чоревска, Катерина Аневска, Валентина Грамосли итн. Сценографијата била дело на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а музиката ја напишал Оливер Јосифовски. На 26 септември 2014 година, оваа претстава била прикажана во Скопје, на последниот ден од 39. издание на фестивалот „Млад отворен театар“.[2]