За гатањето (лат. De Divinatione) е филозофска расправа од римскиот мислител Цицерон во две книги, напишана во 44 п.н.е.. Таа има облик на дијалог помеѓу Цицерон (кој зборува главно во Книга II) и неговиот брат Квинт.

Заедничко издание на За гатањето и За судбината, 1828
Биста на Цицерон

Цицерон подробно го обработува гатањето, поделувајќи го на „вдахновен“ вид (лат. фурор, грч. манија), особено во сништата, и друг вид кој се јавува по пат на некоја толковна вештина (т.е. харуспексија, екстиспексија, авгурија, астрологија и други пророштва).

Во Книга I, Квинт го застапува гатањето (според стоичките сфаќања), додека во Книга II, Марко нив ги побива од неговото академско филозофско гледиште.

Ова дело е значајно по тоа што е еден од главните извори на информации за римската религија. Делото содржи и дел од поема на Цицерон за неговото конзулство.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: