Захи Хавас
Захи Хавас (арапски: زاهي حواس; р. Дамиета, Египет, 28 мај 1947 г.) — египетски археолог и историчар на Стариот Египет. Тој е поранешен генерален секретар на Врховниот совет за старини на Египет. Тој исто така активно ја промовира историјата и културата на Стариот Египет преку телевизиски документарни серии. За време на револуционерните бунтови во Египет во 2011 г., колегите побарале оставка на Хавас поради блиски врски со режимот на Мубарак и наводна поткупливост.[1] Во март истата година, тој поднел оставка, наведувајќи ја неможноста да се одржи одговорноста за безбедноста на староегипетските старини за време на револуцијата во Египет и обвинувањата за исчезнати експонати.[2]
Захи Хавас زاهي حواس | |
---|---|
1. министер за старини | |
На должноста 31 јануари 2011 – 3 март 2011 | |
Претседател | Хосни Мубарак |
Премиер | Ахмед Шафик |
Претходник | ја создал канцеларијата |
Наследник | Мохамед Ибрахим Али |
На должноста 5 април 2011 – 17 јули 2011 | |
Премиер | Есам Шараф |
Наследник | Мохамед Саид |
Лични податоци | |
Роден(а) | 28 мај 1947 Дамиета, Египет |
Националност | Египќанец |
Установа | Пенсилвански универзитет Каирски универзитет Александриски универзитет |
Професија | египтолог, археолог, политичар |
Портал | hawasszahi.com |
Ран живот
уредиХавас е роден во мало селце во близина на Дамиета, Египет. И покрај тоа што првично се стремел да биде адвокат, тој го продолжил своето образование по грчка и римска археологија, добивајќи диплома за уметности на Александрискиот универзитет во 1967 г.[3] Во 1979 г., Хавас добил диплома за египтологија од Каирскиот универзитет.[4] По ова, тој ја започнал својата кариера во Големите Пирамиди како инспектор, исполнувајќи улоги како на администратор, така и на археолог.
Наводи
уреди- ↑ „Главного археолога Египта просят уйти“. OpenSpace.ru (руски). Архивирано од изворникот на 2017-03-31. Посетено на 2017-12-08.
- ↑ „Самый главный египтолог ушёл в отставку“. OpenSpace.ru (руски). Архивирано од изворникот на 2017-03-31. Посетено на 2017-12-08.
- ↑ Hammer, Joshua. „The Rise and Fall and Rise of Zahi Hawass“. Архивирано од изворникот November 16, 2018. Посетено на May 25, 2017.
- ↑ „DR ZAHI – Dr Zahi“. drhawass.com. Архивирано од изворникот March 25, 2019. Посетено на May 25, 2017.
Надворешни врски
уреди„Захи Хавас“ на Ризницата ? |
- Egypt's man from the past who insists he has a future, Jack Shenker in Cairo, The Guardian, May 19, 2011
- Zahi Hawass supports petition to repatriate rosetta stone and other antiquities, Egypt Independent, February 14, 2023